Петте најубави љубовни писма кои што некогаш се испратени!

И тие знаеле да бидат романтични…Во продолжените петте најубави писма во историјата…Честитката што Џони Кеш ѝ ја напишал на својата сопруга Џун Картер е прогласена за најубавото љубовно писмо на сите времиња.
Инаку, писмото е напишано во 1994 година, а човекот во црно ѝ го честитал 65. роденден на сопругата и со тоа ги освои бројните гласачи кои во анкетата на британското друштво за осигурување „Beagle Street“ го избираа најубавото љубовно писмо во пресрет на денот на вљубените.
„Среќен роденден, принцезо. Старееме и се навикнуваме еден на друг. Исто размислуваме. Си ги читаме мислите еден на друг. Знаеме што сакаме без ниту едно поставено прашање. Понекогаш малку си се нервираме. Понекогаш можеби и еден со друг сѐ земаме здраво за готово.
Но, понекогаш, како денес, размислувам за сѐ и ми станува јасно колку сум среќен што го поминав животот со најдобрата жена која ја имам запознаено. Сѐ уште ме фасцинираш и инспирираш. Твоето влијание ме прави подобар. Ти си предмет на моите желби и главна причина поради која постојам. Многу те сакам. Среќен роденден, принцезо“, Џон.
Меѓу останатите писма кои се најдоа во изборот се и писмата на Винстон Черчил, Џон Китс, Ернест Хемингвеј и на Бетовен.
2. Писмо од Винстон Черчил до сопругата Клементина (1935)
„Моја драга Клеми, во твоето писмо од Мадрасо напиша зборови кои ме допреа, за тоа колку сум го збогатил твојот живот. Не можам да опишам колку ме направи среќен тоа, бидејќи кога би постоеле љубовни сметки, засекогаш би ти бил должен“.
3. Писмото на Џон Китс до сосетката Фани Браун (1819)
„Не можам да постојам без тебе. Заборавам на сѐ друго и само тебе сакам да те гледам повторно. Мојот живот во тој момент застанува. Не гледам понатаму. Ме апсорбираш“.
4. Писмото на Ернест Хемингвеј до Марлин Дитрих (1951)
„Не можам да ти кажам дека секој пат кога ќе те прегрнам се чувствувам како да сум дома“.
5. Наполеон и Џозефин (1796)
„Откако те напуштив, непрестано сум потиштен. Мојата среќа е покрај тебе. Непрестајно ги проживувам сеќавањата за твоите допири, солзи, твојата грижа. Пламен од шарм на неспоредливата Џозефин непрестајно гори и сјае во моето срце“.Честитката што Џони Кеш ѝ ја напишал на својата сопруга Џун Картер е прогласена за најубавото љубовно писмо на сите вр

Пронајдете не на следниве мрежи: