Дваесет и тригодишниот гостиварец З.Н, вчеравечер околу 23 часот и 50 минути пријавил семејно насилство, кое половина час пред тоа го извршил неговиот три години постар брат Н.Н.
-Во забележително алкохолизирана состојба, тој физички го нападнал, му ја скинал блузата, а потоа ги нападнал и нивните две малолетни сестри, повеќе пати удирајќи ги со тупаници по главите и телата. Исплашени, тие веднаш избегале надвор од домот и побарале полициска интервенција, информираат од СВР Тетово.
За кусо време Н.Н. лишен е од слобода, откако со нож ги нападнал тројцата полициски службеници, кои превземале мерки за негово лишување, но брзо бил совладан и му бил одземен ножот.
По приведувањето Н.Н. задржан е во Полициската станица Гостивар и се работи на целосно расветлување на сите поединости поврзани со овој случај.
-Во забележително алкохолизирана состојба, тој физички го нападнал, му ја скинал блузата, а потоа ги нападнал и нивните две малолетни сестри,