Неименуван пијан Канаѓанец (35), минатата недела остав бакшип во вредност од 99.000 долари за еден обичен сендвич. На крај бил уапсен, бидејќи неговата кредитна картичка одбила толку голема трансакција.Полицијата во гратчето Бари во Канада, објави дека нешто пред полноќ доби повик од бар кој се наоѓа во центарот на градот, стотици километри северно од Торонто, поради „пијан маж кој има потешкотии со плаќањето на сметката.“
По нарачувањето на сендвичот од седум долари, тој ѝ оставил бакшиш на келнерката во износ од 98.932 долари, наведе полицијата.
„На несреќа на келнерката, таа на крај не доби бакшиш“, објави полицијата.
Мажот ја поминал вечерта во затворска ќелија, а полицијата поднесе обвинение против него кога забележа дека тој ја прекршил судската одлука со која му се забранува консумирање алкохол.Полицијата во гратчето Бари во Канада, објави дека нешто пред полноќ доби повик од бар кој се наоѓа во центарот на градот, стотици километри северн
©ПУЛС24.MK Вестите на интернет страницата на редакцијата ПУЛС24.MK> може да се користат исклучиво за лично информирање. Без писмена дозвола или посебен договор, не е дозволено преземање, користење или реемитување на вестите.