Пијани кифлички

Пијани кифличкиСостојки:
700 гр брашно
1 прашок за пециво
500 мл пиво
200 мл масло
по потреба џем
Сируп:
4 шолјички шеќер
3 шолјички вода
Подготовка:
Соединете го брашното, прашокот за пециво, пивото и маслото, па замесете тето, да не се лепи за прстите. Поделете го тестото на 4 топчиња.
Секое топче расукајте го со сукало што потенко и исечете го на 16 триаголници. Секој триаголник филувајте го со џем и завиткајте во кифличка.
Кифличките редете ги во подмачкан плех и печете, но да останат бледи.
Сируп:
Сварете ја водата со шеќерот, па во врел сируп натопете ги испечените кифлички и оставете малку да отстојат во него. 
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојки:
700 гр брашно
1 прашок за пециво
500 мл пиво
200 мл масло
по потреба џем

Пронајдете не на следниве мрежи: