Пилешки гради печени во сос со млеко – Меки и погодни за подгревање!

Пилешки гради печени во млеко – Меки и погодни за подгревање!
 Потребни состојки:
400 гр пилешко филе
100 мл бело вино
200 мл млеко
2 лажици меко брашно
1 лажица насецкан магдонос
1 чешне лук
сол,бибер
Подготовка:
Насечете ги пилешките гради да бидат со еднаква дебелина. Ако сакате може сосем малку да ги исчукате преку проѕирна фолија, внимавајте да не им ја растурите структурата. Внимателно.
Посолете и забиберете.
Извалкајте ги филетите во брашно, вишокот истресете го.
Загрејте маслиново масло на потивок оган, додадете го ситно исецканиот лук, намалете ја температурата, па издинстајте го лукот за полека да ја промени бојата и да омекне. Додадете ги филетите, печете од едната па од другата страна. Кога филетите ќе добијат убава боја, покачете ја температурата па додадете го виното, и со дрвена лажица стругајте по дното за да се одлепи тоа што се запекло.
Кога се че се згусне, додадете го млекото и оставете да се готви неколку минути.
Додадете го ситно исецканиот магдонос и лук.
Сервирајте со салата или прилог по желба. За дополнително загревање, полејате повторно со малку млеко.
Добар апетит!Потребни состојки:
400 гр пилешко филе
100 мл бело вино
200 мл млеко
2 лажици меко брашно

Пронајдете не на следниве мрежи: