Пилешко со индиски ореви и кикирики

Чуената источна храна на ваша маса…Состојkи за 2 лица:
300гр пилешки гради
50 гр кикирики
50 гр индиски ореви
120 гр бел ориз
100 мл соја сос
100 мл маслиново масло
450 гр смрзната кинеска мешавина
зачин по вкус
брашно или густин
Подготовка:
Направете маринада од 50 мл соја сос, 30 мл маслиново масло и малку бибер. За тоа време сварете го оризот. На малку маслиново масло пропржете ги кикириките и индискиот орев, може да одат цели или сецкани, па извадете ги настрана. На маслиново масло пропржете го месото. Додадете ја смрзнатата кинеска мешавина, динстајте 5- 7 минути.
Додадете ги кикириките и индиските ореви, а потоа и 50мл соја сос. Разматете 2 кафени лажички густин  во 100мл вода и  додадете го  во  тавчето. Динстајте  до  саканата густина. Доколку сакате повеќе сос, додадете  вода и  динстајте  уште  малку. Зачинете по желба, но  внимателно, соја сосот е доста јак.
Повеќе рецепти, кулинарски трикови, совети за здрава храна и здрав начин на живот, диети и животни искуства, можете да најдете на НАЈАДИСЕ.МК како и на фан страната на Фејсбук, а може да станете и член од групата на Најадисе на Фејсбук каде може да споделите ваш омилен рецепт.Состојkи за 2 лица:
300гр пилешки гради
50 гр кикирики
50 гр индиски ореви
120 гр бел ориз

Пронајдете не на следниве мрежи: