Пилотите од авионот кој на 13. април слетал на аеродромот во Манчестер, останале без зборови. На висина од околу илјада метри, во моментот додека летале над Мејклесфилд, покрај Аирбусот 320 од никаде се појавил летачки човек, односно барем така го опишуваат пилотите.Наводно, тој се приближил на стотина метри до авионот, а членовите од екипажот биле зачудени, бидејќи очекувале дека ќе забележат некакво јаже да биде заврзано за него. Но, немало ништо, односно им се чинело дека човекот навистина лета.
Мистериозниот летач, кој веќе го викаат „Супермен од Мејклесфилд“, не го забележале на радарот, а со дополнителни проверки било утврдено дека на подрајчето во тоа време не се наоѓал ниту параглајдер, ниту падобранец, а камоли балон.
„Прво виделе дека тој лета на неколку стотици метри над леталото, од левата страна, а потоа поминал покрај нив на пат кон копното. Немале време да преземат било какви маневри за избегнување“, стои во извештајот на британската агенција, специјализирана за следење на потенцијално опасни блиски средби во воздушниот сообраќај.
Откако го проучил извештајот во кој, во склад со политиката на агенцијата, не се наведуваат имињата на членовите од екипажот, како ни компанијата со која летале, експертот за воздухопловство Крис Јејтс, кратко изјавил дека станува збор за мистерија. Наводно, тој се приближил на стотина метри до авионот, а членовите од екипажот биле зачудени, бидејќи очекувале дека ќе забележат некакво јаже да б