Пилотот на авионот Боинг 777 што се урна во Сан Франциско бил на обука

Пилотот на авионот „Боинг 777“ кој се урна на пистата во Сан Франциско, се уште бил на обука, соопштија од авионската компанија „South Korean airline“.
Ли Канг-кук, вториот најмлад пилот од четворицата кои биле во авионот, имал само 43 часа лет со ваков авион за долги летови. Ова бил неговиот прв обид да приземји Боинг 777 на пистата во Сан Франциско, каде што претходно слетувал 29 пати со други летала, вели надлежен од министерството за транспорт на Јужна Кореа. Другите пилоти на авионот се обиделе да го подигне две секунди пред тој да удри во земјата, по што се запали.
Двајца шестнаесетгодишни тинејџери загинаа, а повеќе од 180 се повредени по падот на авионот, што е прв фатален пад за авион од типот „Боинг 777″, откако е пуштен во употреба во 1995 година.
Според Asiana, пилотот Ли Канг – Кук, бил во пилотското седиште за време на падот и се обидувал успешно да го спушти леталото на земја, но се уште не е потврдено дали постариот пилот Ли Џеонг-мин, кој има 3.220 часови лет со „Боинг 7773, се обидел да ја преземе контролата.
Информациите собрани од црната кутија во пилотската кабина и податоците за летот покажуваат дека нема знаци на незгода се до седум секунди пред падот, кога екипажот се обидел да го подигне авионот. Четири секунди пред падот, контролите на авионот започнале да се тресат, при што екипажот се обидел да изведе кружен маневар на само 1,5 секунди пред падот. Сепак, брзината на авионот била многу под летачката брзина која треба да ја има.
Летот на Asiana се движел кон Сан Франциско од Сеул со 291 патник и 16 членови на екипажот. Најмалку 70 ученици и професори од Кина биле на него и оделе во летен камп во САД.
Повеќе за несреќата прочитајте на линкот.Пилотот на авионот „Боинг 777“ кој се урна на пистата во Сан Франциско, се уште бил на обука, соопштија од

Пронајдете не на следниве мрежи: