Пипан: Кошаркарите не ги чепкајте, мене може да ме распнете!

„Ако барате виновник, јас сум тука и можете да ме распнете, но не ги чепкајте кошаркарите. Тие заслужија да одат со крената глава, тие најмногу сакаа да ги добијат натпреварите. Дадоа сѐ од себе од почетокот на подготовките до денеска, изјави македонскиот селектор Алеш Пипан по дебаклот во Словенија“, пренесува МКД.мк.
 Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација со оваа изјава се обидува да ги заштите своите играчи од критиките и коментарите кои може да следат во јавноста по денешниот меч со Летонија. 
Тој исто така додаде дека голем губиток на ова првенство беше и повредата на Чековски. 
„Многу ни недостигаше Чековски во ротацијата. Тој беше наш најдобар кошаркар во подготвителниот период поради што неговото отсуство многу нѐ погоди. Брчков денеска солидно го замени, но тој е дебитант и од него допрва ќе се очекуваат добри игри. Тешко е да се направи анализа веднаш по средбата, треба одново да се погледнат сите натпревари. Многу нѐ погоди неправдата против Црна Гора, а против Србија покажавме дека знаеме да играме големи средби. Но потоа дојде БиХ, односно голем пад. Денеска бевме во тешка ситуација уште од самиот почеток да бркаме разлика, што донесе притисок кај играчите“, изјави Пипан.Селекторот на македонската кошаркарска репрезентација со оваа изјава се обидува да ги заштите своите играчи од критиките и коментарите кои може да

Пронајдете не на следниве мрежи: