Скандалот со превозот во Струмица е огромен, а сега ќе ви стане позната причината зошто Општина Струмица плаќала скоро двојно поскап превоз од една Битола.Фирмата Тритерол која е добитник на дел од преплатените тендери на Заев за превоз, е во сопственост на членот и функционер на СДСМ Лефтер Андонов.
Ова лице во 2008-ма година е потпретседател на СДММ, како и член на Централниот одбор на СДММ.
Лефтер Андонов во 2010 година станува Координатор на Југо источниот регион на СДСМ 2010 година.
Фирмата Тритерол Доoел Струмица е основана во 2005-та година, а Лефтер Андонов како управител па сопственик ја наследува во 2012-та односно 2013-та година.
Фирмата на функционерот на СДСМ Лефтер Андонов е фаворит за голем број на тендери кои произлегуваат од општина Струмица.
Па така мрежата на кланот Заеви се надополнува со уште една фирма на близок човек на Заеви. На 16.09.2014-та година фирмата на функционерот на СДСМ добива 8 тендери во ист ден во вкупна вредност од 17 905 040 денари. Значи толку пари од касата на Струмица биле наменети на сметката на фирматѕа на функционерот на СДСМ.
Дополнително оваа фирма од општината Струмица има добиено уште 4 тендери во вкупна вредност на договорите од приближно 700 илјади денари. Значи околу 18 милиони денари од касата на Општина Струмица, во џебот на фирмата на функционер од СДСМ, што многу јасно кажува зошто Струмица плаќа поскапа цена од една Битола.
Најскандалозното, само со еден тендер склучен на 02 септември минатата година фирмата Тритерол доел добила 37 842 120 денари или само со еден тендер 615 илјади евра. Или вкупно Тритерол од општина Струмица со која управува Заев добила тендери во висина од близу еден милион евра, на една фирма, на функционер на СДСМ.
Епа господа,
Прв факт, Општина Струмица плаќа двојно поскапа цена за превоз од една Битола. Сега е познато од кои причини. Тоа е така бидејќи една од фирмите која ги добива тендерите е Тритерол ДООЕЛ, фирма на функционер на СДСМ.
Втор факт, мрежата на кланот Заеви е продолжена со уште една фирма преку која се испумпуваат пари на струмичани. Токму фирмата на функционерот на СДСМ Лефтер Андонов, фирмата Тритерол добива тендери од близу 1 милион евра.
Трет факт, фатени се во тесно, Заев молчи, а СДСМ освен навреди ништо другио не кажува,затоа го чекаме СЈО, наместо да се занимава со политички хајки во Битола, да влезе во општина Струмица и да го истражи целото сомнение за огромен криминал.
Четврт факт, ова е само почетокот на објавувањето на вистината, следува уште повеќе.Фирмата Тритерол која е добитник на дел од преплатените тендери на Заев за превоз, е во сопственост на членот и функционер на СДСМ Лефтер