На аболицираниот криминалец Зоран Заев не може да му се верува. Аболицираниот криминалец Зоран Заев влегува од една лага во друга. Џабе аболиција, тој е непоправлив. Кај ги лаже струмичани на изборите во 2013-та, сега ја лаже и целокупната јавност, вели Васил Пишев од ВМРО-ДПМНЕ.интегрален текст од прес конференцијата на Пишев
Вчера го тераше Парталов од општина Струмица да го вади од нереализираните ветувања со нови невистини.
Факт е дека касарната е дадена на управување на општина Струмица. За тоа доказ се десетиците згради кои се градат во просторот на касарната. Зоран Заев давал дозвола за градба на згради, зошто таму има бизнис интереси, а не отпочнал да гради ниту Хала, ниту Пазар, иако на располагање имал 20 хектари неизградено градежно земјиште.
Факт е дека Деталниот урбанистички план за просторот на поранешната касарна го донела локалната администрација уште во 2010-та година, за што сведочи документот на кој се наоѓа потписот лично на Заев. Ова се документите дека целокупната постапка за носење на ДУП за просторот за поранешната касарна во Струмица, од Планска програма, преку Нацрт ДУП, до јавна расправа се водени од општина Струмица, со потпис на Зоран Заев. Како не ви е срам да ги лажете струмичани, а и целокупната македонска јавност. Потоа овој ДУП бил изгласан од мнозинството на СДСМ во Советот на општина Струмица. Никој, ама баш никој не може да и наметне ДУП на било која општина.
Факт е дека ДУП-от бил донесен во 2010-та година, а Зоран Заев свесно знаел што може, а што не може да гради и оттука се заклучува дека тој после три години свесно ги лажел граѓаните и им ветувал Хала и Пазар на изборите во 2013-та година.
Факт е дека и сега има на рапослагање слободна парцела од 8.700 м2 да гради, ама тој сеуште не сака да го реализира даденото ветување. Дали оваа парцела ја чува да направи добар бизнис?
Почитувани, видовме дека аболицираниот криминалец Зоран Заев кога нешто ветува тогаш и лаже. Овој човек нема кредибилитет. Јавноста гледа колку овој човек држи до дадениот збор. Се што ветува сега пред избори се само големи лаги. Секој негов збор земајте го со резерва.
Зоране, струмичани ќе покажат на избори што мислат за тебе и ќе ти го испорачаат најтешкиот пораз. На 11-ти декември цела Македонија ќе те казни за лагите, манипулациите и деструкциите кои ги правиш.интегрален текст од прес конференцијата на Пишев
Вчера го тераше Парталов од општина Струмица да го вади од нереализираните ветувања со нов