Пишев: Заев молчи за криминалното легализирање на хациендите Цареви Кули

Зоран Заев е фатен во криминал. Зоран Заев молчи за бесправното, незаконско и криминално легализирање на хациендите Цареви Кули, истакна Васил Пишев на денешната прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ.во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на Васил Пишев
Документите и фактите покажуваат дека Заев со решение легализирал објект – хотелски комплекс кој е изграден по законскиот рок од март 2011 година. Повторно, се работи за бизнисмен кој е добро познат на Заев и општинската администрација како сопственик на компанија која често добива општински тендери. Тој е дел од доброто познатата тендер мрежа на кланот Заеви.
Не од било кој, туку лично со потписот на струмичкиот градоначалник Зоран Заев хотелскиот комплекс „Цареви кули“ противзаконски е легализиран на 3.7.2013 година. Значи ова е тој документ, каде Заев со свој потпис става печат на овој голем криминал.
На решението за утврдување правен статус на бесправен објект стои дека Ристовски Коце од Струмица поднел барање со определен број од 3.9.2011 година за легализација на хотелскиот комплекс, поткрепено со геодетски елаборат за посебни намени, со четири згради од кои првата со стан заведен со број 1 на приземје од 260 квадратни метри, помошна просторија од седум квадратни метри и стан број 2 на кат со површина од 222 квадратни метри.
Не терен овој објект уште не бил изграден кога законот тоа го овозможувал.
Тоа го потврдува сателитската фотографија од пребарувачот на интернет „Гугл“ и неговите алатки, кои покажуваат дека на теренот каде што се наоѓа легализираниот хотелски комплекс, со датум од 10 март 2011 година, има сосема друга состојба. Таков објект не постои.
Во јуни 2013 година комплексот е свечено отворен. Во законот за легализација на дивоградбите предмет на легализација може да бидат објекти што се изградени, односно постоеле пред март 2011 година. Или прецизно, како што стои во законот, услов е објектот што треба да се легализира да е изграден заклучно со 3 март 2011 година.
Значи според фактичката состојба било извлечено број за легализација од општината Струмица во 2011та година, а објектот бил изграден во 2013та година. Значи имаме класично изигрување на законот што повлекува кривична одговорност.
Зоран Заев со денови молчи. Молчи затоа што е фатен со докази во криминал. За ова Заев треба да одговара. Заев го изиграл законот со кој се овозможи легализација на бесправни објекти со кој сакаше да се помогне највеќе на граѓаните со пониски примања. Заев тоа го искористи да си прави бизнис зделки и да легализира хациенди.
Ова е нов голем скандал на аболираниот Заев и за тоа мора да одговара.во продолжение интегрален текст од прес-конференцијата на Васил Пишев
Документите и фактите покажуваат дека Заев со решение легализирал обј

Пронајдете не на следниве мрежи: