Македонската Алијанса, во името на целата македонска дијаспора, ја поздравува најновата иницијатива во Американскиот Конгрес со која уште еднаш се докажува дека САД и понатаму останува најголем сојузник на Република Македонија.Македонската Алијанса изразува огромна благодарност до Републиканската Конгресменка Кендис Милер, која како досегашен претседател на Конгресната Група за пријателство со Македонија, во континуитет се вложува за исполнување на стратешките интереси на нашата татковина.
Со тоа што за само неколку дена Резолуцијата е потпишана од 14 Конгресмени, јасно е дека се зголемува бројот на Американски политичари кои стануваат убедени дека Македонија е жртва на ирационалната и хегемонистичка политика на некои политички елити во Атина, иако ние како држава 20 години покажавме доследност и постојана посветеност на исполнување на сите цивилни и воени критериуми за полноправно членство во НАТО. И покрај фактот што Република Македонија ги исполни сите критериуми, Меѓународниот Суд на правдата донесе пресуда во наша полза, Грција со вето го спречува нашето полноправното членство во НАТО.
Особено е важно, што четворица од Конгресмените кои ја подржаа Резолуцијата се членови на Комитетот за надворешна политика на САД, што секако дава уште поголема тежина на документот. Тоа е уште една потврда дека САД го цени придонесот на Македонија во мировните мисии на НАТО во Ирак, Авганистан, Босна. Нема никаква дилема дека Македонија заслужува веднаш да ја добие поканата за да застане рамо до рамо со сите останати членки на НАТО Алијансата.
Македонската Алијанса ја оценува оваа Резолуција како успех на напорите на целата македонска дијаспора која е активно вклучена во лобирањето за стратешките интереси на татковината.
Тоа што оваа Резолуција е подржана и од Републиканските и од Демократските Конгресмени е одлична порака и до македонските политички партии, кои за стратешките интереси на Македонија не смеат да имаа разлики.
И јас лично и Македонската Алијанса ќе продолжиме и понатаму посветено да работиме заедно со сите активни чинители во македонската дијаспора за исполнување на вековните стремежи на македонскиот народ, а тоа е несомнено е силна, обединета и меѓународно почитувана Македонија.
Бог да ја чува нашата Македонија!Македонската Алијанса изразува огромна благодарност до Републиканската Конгресменка Кендис Милер, која како досегашен претседател на Конгресната Гр