Писмо на една 85 годишна баба-„Да имам уште еден живот…“

Одвреме навреме нечијa смрт ќе нè потсети колку е животот безначаен и ситен, а ние сепак неспремни да се покориме за не си ги срушиме илузиите на нашето его, дека сме семоќни.Еве што напишала една 85-годишна баба:Во друг живот би се осмелила да направам многу повеќе грешки.
Би се опуштила.
На ново патување би била помалку сериозна.
Не би ги сфаќала нештата толку сериозно.
Повеќе би ризикувала.
Повеќе би патувала.
Би поминала повеќе планини и би препливала повеќе реки.
Би јадела повеќе сладолед.
Би имала повеќе реални неволји, а помалку од оние измислени.
Знаете, јас живеам паметно и здраво – час по час, ден по ден.Имам преживеано убави моменти и кога би можела да почнам од почеток би си допуштила уште повеќе такви убави моменти. Всушност ништо друго не би ми требало. Само тие моменти.
Би живеала во момент и не би одела во пресрет на секој нов ден како сите овиегодини.
Јас сум една од оние што никаде не одат без термометар, капут за дожд и падобран.
Кога би имала уште еден живот, на патувањата не би се оптеретувала со толкав багаж.
Кога би живеела уште еднаш, би почнала да одам боса во рана пролет и подоцна во есен повторно би ги облекла чевлите.
Почесто би одела на игранки.
Почесто би се возела на рингишпил.
Почесто би одела да берам цвеќе.
Н.С. (85 години)
Во животот многу повеќе се каеме за работите коишто не сме ги направиле отколку за оние што сме ги направиле. Еднаш се живее, затоа живеј квалитетно, исполнето и среќно! Ние самите сме креатори на сопствениот живот, обиди се да направиш извонредна креација!
Извор: think.mk
 Еве што напишала една 85-годишна баба:Во друг живот би се осмелила да направам многу повеќе грешки.
Би се опуштила.
На ново п

Пронајдете не на следниве мрежи: