Писториус го очекува казна и до 25 години затвор

За судбината на атлетичарот ќе одлучи судијката Токозил Матилда Масипа (66). Писториус тврди дека ја убил Рив мислејќи дека е натрапник. Обвинителите, пак, тврдат дека убиството било испланирано.Додека се чека пресудата на Оскар Писториус за убиството на својата девојка Рив Стенкамп, обожавателите на познатиот атлетичар со инвалидитет дошле да гоподдржат. Се собрале пред судот во Преторија и трпеливо ја очекуваат пресудата.
Во судот пристигнале семејствата на Оскар Писториус, но и на неговата жртва Рив Стенкамп.
Ја убил девојката на св. Валентин
Денес судот во Јужноафриканската Република ќе донесе пресуда за Оскар Писториус. Дали славниот параолимпиец со предумисла ја убил својата девојка по расправија во раните утрински часови или навистина помислил дека натрапник му влегол во домот и пукал мислејќи дека е во опасност- на тоа клучно прашање одговор ќе даде судијката Токозил Масипа.
Судењето траеше пет месеци и заврши со 4000 страни текст. Судијката сослушала 37 сведоци, вештаци и експерти.

Обвинение
Параолипиецот е соочен со четири обвиненија за убиство и поседување оружје.
Обвинението за убиството е комплицирано. Масипа треба да одлучи дали се работи заубиство со предумисла, убиство без предумисла или убиство од небрежност.
Осудата за убиство од небрежност е можна доколку судијката пресуди дека Писториус со причина мислел дека во куќата му влегол натрапник, но дека претерал во реакцијата пукајќи низ затворена врата. Во тој случај максиламлната казна која би можел да ја добие е 15 години затвор.
Но доколку судијката одлучи дека Писориус знаел дека пука во Рив, таа ќе го осуди за убиство. Убиството со предумисла носи доживотна казна затвор и можност за условно помилување дури по 25 години.  Додека се чека пресудата на Оскар Писториус за убиството на својата девојка Рив Стенкамп, обожавателите на познатиот атлетичар со инвалидитет дошле

Пронајдете не на следниве мрежи: