Познатиот спортист Оскар Писториус, обвинет за убиството на својата девојка Рива Стинкамп, ќе се брани од слобода, одлучи во петок судијата Дезмонд Наир, по обраќањата на обвинителството и одбраната.Судијата Наир беше детален при прегледите на сослушувањето што се одвиваше во Преторија изминатите неколку дена, а дури и го образложи поимот и историјата на кауцијата во Јужна Африка. Образложувајќи ја својата одлука, ја критизираше работата и проценките на главниот истражител Хилтон Бот, кој е отстранет од случајот откако било откриено дека е обвинет за обид за убиство. Посочи дека детективот на местото на злосторството дошол без заштитна опрема и го контаминирал просторот.Но, делови од верзијата на обвинетиот Писториус на судијата не му се јасни, на пример како тоа не знаел дека девојка му не е во креветот кога пукал во вратата на тоалетот, зошто таа вечер не спиел на страната на креветот на која инаку спие…На крајот на 26 годишниот Писториус му одобри кауција бидејќи, како што рече, не смета дека постои ризик дека ќе ја напушти земјата и на тој начин ќе го избегне судењето, ниту, пак, доколку биде на слобода, ќе влијае врз сведоците.Судијата на обвинетиот му одреди кауција од 100 илјади долари, плус додатоци.Адвокатот на одбраната Бери Рокс на новинарите им рече дека спортистот нема да се врати во својата куќа.„Не сака да се врати таму“, изјави Рокс. Но, според денешната одлука на судот, Писториус не смее да се доближи до својата куќа.На суд мора да се јави на 4 јуни, кога ќе биде договорено кога може да почне судењето, а претходно мора да се јавува во полиција двапати неделно. Наредено му е да не приоѓа до куќата, до сведоците и да го предаде пасошот.Што точно се случи на 14 февруари, ноќта кога беше убиена 29 годишната Стинкамп, девојката на Писториус, никој не знае со сигурност.Судското сослушување донесе две верзии на настанот – она на обвинителството и она на одбраната.Според Писториус, тој и Рива спиеле. Следното на што се сеќава е дека отишол да ја затвори вратата од терасата и да земе вентилатор, а потоа слушнал необичен звук од бањата – претпоставил дека во куќата влегол крадец. Тврди дека ја викнал по Рива да повика полиција, оди да ги стави протезите и го зема пиштолот. Пука на затворената врата на бањата, а потоа забележува дека Рива не е во креветот. Кога успеал да ја отвори заклучената врата од бањата, ја здогледал ранетата Рива, ја носи по скалите. Го повикал управителот на населбата во која живее и го замолил да повика итна помош.Според верзијата на обвинителството, Писториус и Рива се искарале. Сведокот тврди дека слушнал женски глас. Рива оди во бањата и се заклучува. Писториус ги става протезите, оди седум метри, го зема пиштолот и пука за да влезе во бањата. Ја отвара вратата на бањата, ја крева ранетата Рива и ја носи по скалите. Потоа го повикува таткото.Многу детали за овој случај остануваат нејасни бидејќи не се анализирани сите докази. Доколку Оскар Писториус биде прогласен за виновен, го чека доживотна затворска казна.
МакфаксПознатиот спортист Оскар Писториус, обвинет за убиството на својата девојка Рива Стинкамп, ќе се брани од слобода, одл