Во конкуренција на полнилници од 28 земји од Европа и пошироко, Пивара Скопје ја доби наградата за квалитет и одржлив развој за 2014-та година, што ја доделува Coca-Cola HBC. Ова е втора година по ред како Пивара Скопје ја добива оваа престижна награда во најголемиот глобален систем за производство на пијалаци од портфолиото на Coca-Cola.Наградата се доделува според остварените резултати во четири клучни области: квалитет; здравје и безбедност; заштита на животната средина и почитување на најстрогите стандарди во деловните операции. Претходно, Пивара Скопје, по извршените контроли за степенот на квалитет во сите делови од синџирот на производство и дистрибуција, ја доби и специјалната награда за квалитет за 2014-та година.
„Пресреќни сме и особено горди на овие две награди со кои дефинитивно е потврдено нашето лидерство во обезбедување на одлични резултати во толку значајни сегменти од нашето работење. Дополнително, да се биде препознаен како лидер од страна на најдобрите во светската индустрија на пијалаци значи дека заслужено се наоѓаме во тоа друштво“, изјави генералниот директор на Пивара Скопје, Александар Ружевиќ.
Во сите сeгменти за кои се доделуваат споменатите награди, Пивара Скопје во континуитет постигнува извонредни резултати, а така беше и во текот на минатата година. Имено, во 2014- та, компанијата го задржа високиот индекс на квалитет на пијалаците што ги произведува, со што уште еднаш потврди дека во Македонија континуирано се произведуваат Coca-Cola пијалаци со врвен квалитет, за што Пивара Скопје на два наврати досега беше добитник на највисоки признанија на глобално ниво во целиот систем на Coca-Cola. Исто така, преку реализација на програмите за употреба на ладилници кои не користат гасови што ја загадуваат околината, како и со вложувањата во нов ефикасен енергетски систем во производните погони со кои се постигна поголема заштеда на енергија, Пивара Скопје и во текот на минатата година даде значаен придонес во заштитата на животната средина. Дополнително, поставен е и нов рекорд во заштитата од повреди и безбедноста во работните процеси, област во која компанијата покрај интерно, вложува и во едукација за здравјето и безбедноста на учениците во основните училишта, за што ја доби и највисоката национална награда за 2014-та година.
Пивара Скопје е дел од Coca-Cola HBC корпорацијата што ја сочинуваат компании од 28 земји кои годишно произведуваат над 2,1 милјарда единечни пакувања од брендовите од портфолиото на Coca-Cola за пазар од вкупно 586 милиони потрошувачи, со што всушност е еден од најголемите производители на најпопуларните безалкохолни пијалаци во светот.
Наградата се доделува според остварените резултати во четири клучни области: квалитет; здравје и безбедност; заштита на животната средина и почитув