ПИВОФЕСТ ТЕМА НА СОСТАНОК НА СОВЕТОТ ЗА ПРЕВЕНЦИЈА!

Локалниот Совет за превенција, во просториите на Општина Прилеп одржа состанок на кој беа разгледани сите прашања во поглед на безбедноста, организацијата и одвивањето на Фестивалот на пиво 2016.На состанокот кој го водеше градоначалникот Ристески како претседател присуствуваа претставници од СВР Битола, ПС Прилеп, Здружение на граѓани ЦГИ – Прилеп, Дирекција за заштита и спасување, Центар за управување со кризи, ЕВН – Прилеп, ЈКП „Комуналец“, ЈКП „Водовод и канализација“, Итната медицинска помош, ТППЕ, Центарот за јавно здравје, УЈП, претствници од Државен пазарен инспекторат, Агенцијата за храна и ветеринарство и други служби кои се директо или индирекно инволвирани околу организацијата и одвивањето на самиот настан.
Во изјава за новинарите градоначалникот Ристески истакна дека ова претставува традиционална средба на сите институции кои на директен или индиректен начин се засегнати околу организацијата и безбедноста на Фестивалот на пивото. Секоја година се посветува големо внимание околу обезбедувањето на јавниот ред и мир, безбедноста на посетителите, непречено одвивање на сообраќајот во градот за време на четирите фестивалски денови како и околу квалитетот на храната и пијалоците, одржување на чистотата на градот, а посебно на локацијата на која се одвива самиот настан, снабдување на просторот со потребните инсталации и вода и присуство на екипи од ТППЕ и ИМП на просторот .
Портпаролот на СВР Битола, Сања Стаматова истакна дека активности се превземаат пред, за време и по завршувањето на фестивалот се со цел непречено одвивање на истиот. Во однос на полесно одвивање на сообраќајот за време додека трае фестивалот градоначалникот Ристески апелира прилепчани да се воздржат од користење на своите превозни средства.На состанокот кој го водеше градоначалникот Ристески како претседател присуствуваа претставници од СВР Битола, ПС Прилеп, Здружение на гр

Пронајдете не на следниве мрежи: