Пјонгјанг: САД се виновни за хакерскиот напад

Пјонгјанг ги обвини САД дека се одговорни за падот на интернетот во Северна Кореја изминатите денови, во момент на отворен судир меѓу двете земји поради хакерскиот напад на „Сони Пикчрс“.САД без срам почнаа да ги нарушуваат интернет операциите на медиумите во нашата земја, се наведува во соопштение на Националната комисија за одбрана на Северна Кореја, објавено од корејската централна телеграфска агенција.
Обама секогаш дејствува невнимателно на зборови и дела, исто како мајмун во прашума, изјави портпаролот на политичкиот оддел на Националната комисија за одбрана.
Тој го обвини Вашингтон за постојаните паѓања на севернокорејските интернет провајдери изминатата недела, откако САД ветија дека ќе одговорат на нападот врз „Сони Пикчрс“.
Портпаролот, исто така, ги отфрли обвиненијата на ФБИ дека Северна Кореја стои зад сајбер нападот врз „Сони Пикчрс“ и побара САД да објават докази за таквите тврдења.САД без срам почнаа да ги нарушуваат интернет операциите на медиумите во нашата земја, се наведува во соопштение на Националната комисија за о

Пронајдете не на следниве мрежи: