Денеска градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски го посети Дневниот центар за лица со попреченост-Порака во Аеродром, каде што по повод 3. Декември- Меѓународниот ден на лицата со попреченост од Дневниот центар му доделија плакета за континуираната поддршка и залагање за подигнување на степенот на познавање и разбирање на потребите и проблемите со кои се соочуваат лицата со интелектуална попреченост.-Градот Скопје секоја година финансиски ги поддржува двата Дневни центари за поддршка на лица со интелектуална попреченост – ПОРАКА, за социјализација и интеграција на лицата над 18 години со умерени и тешки пречки во интелектуалниот развој во местото на живеење. Овие центри лицата може да ги користа од 7 до 16:30 часот, и во нив може да се стекнат со најразлични вештини коишто може да им го олеснат животот. Поддршката на Градот Скопје ќе продолжи и во 2017 година, и во Буџетот на Градот се предвидени вкупно 3 милиони денари за двата Дневни центри, односно 2 милиона за центарот во Аеродром и милион за центарот во Капиштец, но се предвидени и средства за поддршка на нови дневни центри за деца со посебни потреби- истакна градоначалникот Трајановски.
Град Скопје во континуитет ја поддржува работата на двата дневни центри за лица со попреченост во Скопје, кои се отворени како резултат на заедничката иницијатива на Градот Скопје со Министерството за труд и социјална политика и Републичкиот центар за поддршка на лица со интелектуална попреченост „ПОРАКА” Скопје.-Градот Скопје секоја година финансиски ги поддржува двата Дневни центари за поддршка на лица со интелектуална попреченост –