Пламенка Трајковска – „Гудачки квартет наше мало“ – 4 концерти на класична музика наменети за деца

На 26 февруари во основното училиште Лазо Ангеловски ќе се оддржи првиот од четирите концерти на класична музика наменети за деца во организација на Пламенка Трајковска – мали камерни состави во рамките на нивниот проект ,,Класика за деца”.  Концертите насловени како „Гудачки квартет во наше маало” ќе се одржат во неколку општини на главниот град, а целта е запознавање и доближување на класичната музика до децата. Концертите се наменети за широка публика и за учениците од училиштата кои ретко или никогаш не посетиле концерт од класична музика. Посебно внимение ке биде посветено на најмладата публика кај која ке биде побуден интересот за музичките инструменти како виолина, виола и виолончело„Охрабрени по големиот успех од двата новогодишни концерти за класична музика, за кои имаше огромен интерес, ја согледавме потребата секое дете да има прилика да посети еден ваков концерт. Искрено се надеваме дека со овој проект ќе успееме да опфатиме повеќе од 5.000 деца од главниот град и дека ќе иницираме концерти и во сите други училишта.“ – вели Пламенка Трајковска, академски музичар и виолинист.
Тимот на Пламенка Трајковска – мали класични состави досега реализирал голем број на вакви концерти со извонреден успех. Генерален покровител на овие концерти ќе биде Градот Скопје, во соработка со одделните општини и училишта.
Во гудачкиот квартет покрај Пламенка Трајковска ќе настапат и Наташа Диденко –виолина, Сања Смилеска – виола и Маја Михајловска на виолончело.

На концертот ќе бидат изведени дела од Ј.С. Бах, Л.Бокерини, , Ж. Бизе, П.И Чајковски и Офенбах, а посетителите ќе можат да уживаат и во феноменалната изведба на традиционалите македонски песни .
Ова е една одлична прилика, на која децата можат да ја осетат убавината на класичната музика преку камерното музицирање.„Охрабрени по големиот успех од двата новогодишни концерти за класична музика, за кои имаше огромен интерес, ја согледавме потребата секое де

Пронајдете не на следниве мрежи: