План за потполна деструкција на Македонија во девет чекори

Кога претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски зборуваше за пеколниот план на Заев и ги предупредуваше Македонските граѓани, дел од нив не му веруваа иако пред нивни очи Заев најавуваше па одрекуваше дека токму ова што сега го прави со Македонија и планира и понатаму да го прави.Можам да ги разберам Македонските граѓани дека едноставно не поверуваа, бидејќи беа под силен (цели три години) добро испланиран и координиран притисок за перење на мозоците. Тоа подразбираше спинови, наместени ситуации, невистини, дезинформации и активности од страна на таканаречени граѓански активисти платени од Сорос и странски служби. Граѓаните беа замајани со „бомбите“ на црпнатиот, монтирани, нелегално прислушувани материјали кои се користеа за уривање на угледот и кредибилитетот на Груевски, раководството на ВМРО-ДПМНЕ и целата политичка структура на партијата на власт.
За разлика од тогаш, денес имаме малку поразлична состојба која неможе да биде по очигледна, но за која сепак „кој има очи ќе види и кој има уши ќе слушне“. Токму оваа состојба покажува како Црпко со неговата предавничка булумента сака според планот му 3-6-9 во само девет чекори да ја деструира нашата татковина Македонија.
Она што се обидува да ни го продаде како шарена лага и лижавче е дека во рамките на 3-6-9 ќе ја врател Македонија на евро-атлантскиот пат. Како да Македонија се откажа од членството во НАТО и ЕУ и сега додјде предавникот да со велепредавство не „врати на европскиот пат“.Во збирот на лаги и конкретнипостпки се обидов да ги детерминирам деветте чекори кои за девет месеци или една година ќе ја деструираат Македонија и како што напишав во мојата претходна колумна ќе се разбудиме за една година од сонот на „животот во Македонија со СДС“ и ќе се запрашаме каде тоа живееме ние и каде ни замина нашата татковина.
Но, да преминеме на анализата и описот на деветте црпнати и предавнички чекори од кои некои веќе се реализираа, некои се во тек, а некои се најавени или се препознаваат во однос на конкретните дејствувања на предавничката банда на СДС.
1.Договорот со Бугарија – договор на штета на Македонскиот народ, Македонскиот јазик и Република Македонија. Црпнатиот ја отвори вратата да може Бугарија односно секоја бугарска влада да не уценува во однос на идното членство во ЕУ и НАТО, но особено да не понижува и да манипулира во меѓународните односи и тоа да манипулира си поимот Македонска нација и Македонски јазик. Последиците од овој понижувачки договор ќе ги почувствуваме во иднина и тоа со генерации во билатералните односи со секој од соседите поодделно, а особено со Република Бугарија. Овој договор е само пробен чекор за да се види реакцијата на македонските граѓани, особено на Македонскиот народ. Искрено се надевам дека многу бргу ќе има таква реакција со демократски постапки, сепак наскоро ќе има локални избори.
2.Двојазичноста во Република Македонија – ова е вовед во бинационална држава, повторно преку посреден пристап, односно преку воведување на противуставен закон за јазици и фаворизација на Албанскиот јазик. Целта на оваа операција која Црпко со узурпаторот Џафери и недостојниот Аљи треба да ја спроведат е да веднаш по локалните избори се усвои овој закон и отвори пат за ново преуредување на Македонија, односно до дефинитивната кантонизација да се подготви состојбата на терен практично да се воспостави оваа состојба на почетокот преку целосна употреба на Албанскиот јазик на униформите на полицијата, војската и на парите. Тоа е всушност реализација на ветувањата кои Црпко Веле Предавнички ги даде во Швајцарија на албанската дијаспора, а е одработување на Тиранската Великоалбанска платформа. Резултатите од оваа операција ќе ги видиме некаде на почетокот на 2018, а крајните резултати за 2-3 години.
3.Подготовка за „добивање“ на локалната власт во градот Скопје – претставува една од ургентните цели на СДС предавничка. Свесни се тие дека тоа е неостварливо за нив без да ги мобилизираат на своја страна гласовите на Албанското малцинство и тоа до последен глас. Токму затоа и побрзаа со законот за јазици за да имаат аргумент за мобилизација на Албанското малцинство како гласачка машина. Резултатот треба да биде добивање на главниот град под нивна управа, а сметката ќе се плати, колку и да чини не е важно, нема Црпко и предавничко СДС да ја плата ќе ја платиме сите ние, само да се оневозможи ВМРО-ДПМНЕ да покаже сила, бидејќи тогаш ќе се види силата на Македонските граѓани. Впрочем ние сме на потег, ајде да излеземе на локални избори и да гласаме за ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Макеоднија“ и нивниот кандидат за градоначалник и нивната советничка листа што би било јасно покажување на волјата на граѓаните на Скопје во однос на политиката на СДС.
4.Организиран грабеж на Република Македонија – ова е паралелна цел која СДС криминалната банда сака да ја оствари под мотото „отиде државата и така, ајде кога ја распродаваме да заработиме некоја пара за нас и така ќе си одиме од тука“. Тука како непосредни реализатори треба да ги гледаме нивните СДС „експерти“ кои кумот Костиќ се обидува насилно и вон правните процедури да ги инсталира во државните претпријатија и да ја партизираат државата (сите кои ги поставија на функција се претседатели на општински организации на СДС или членови на највисоки партиски тела на СДС, но нема збор за нивната професионалност и искуство во областите, како ни за соодветноста во образованието). Резултатите од овие операции треба интензивно да се реализираат во текот на предизборието за да се залаже јавноста преокупирана со локалните избори и да не забележи како ќе се врши грабеж на државата.
5.Либерализација на пазарот на електрична енергија –за да се задоволат интересите на Анѓушев, да се направи повторно „бомбона бизнис за Рада“ и демократски да се краде од граѓаните преку скапи енергенси со медиумска поддршка на Драган Антоновски и бизнис – медиумска поддршка на Љупчо Зиков (сите овие беа експерти, независни де). Резултатите од овој чекор на СДС ќе ги почувствуваме сите и тоа набргу по локалните избори. И да не се залажуваме ќе бидат бескомпромисни, неетични и нечовечни за сите нас, бидејќи ќе ги интересира само личниот профит.
6.Партиско Јавно обвинителство – ова започна со менувањето на Зврлевски и со искористување на нивниот непартиски кадар кои се дел од Советот на јавни обвинители (нели партизиран од ВМРО-ДПМНЕ, а сега стануваат директори на МЕПСО под владата на СДС Предавничка) да инсталираат предавничко Јавно обвинителство кое во спрега со СЈО на Катица ќе треба да продолжи со прогон на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и раководството и членството на партијата. Оваа операција е во тек и по смената на Зврлевски многу бргу ќе ги видиме резултатите, а јавните обвинители кои не се по мерка на Црпко тоа ќе го почувствуваат на своја кожа. Дури тогаш ќе видиме што е тоа партизација на јавното обвинителство и партиски од СДС нарачани прогони.
7.Реизбор на судството – како продолжение на подготовките за прогон на ВМРО-ДПМНЕ и монтирани судски процеси. Штом Фрчковски ќе раководи со судските реформи тогаш се е јасно. Допрва граѓаните ќе се соочат со корупцијата и партиското влијание во судството, а тоа ќе биде видливо и во Уставниот суд кој ќе треба да го аминува противуставното и противзаконитото растурање на државата и нејзино претворање во бинационална и кантонална држава.
8.Прогон на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ – видливо е противуставното делување на Апелација со прифаќањето на лажни, монтирани и нелегално стекнати прислушувани материјали кои треба да се употребат во процес како доказ. Ова е вовед во можноста за воведување на судска пракса која е девијантна и тоталитарна и во која во иднина секој ќе може да поднесе како доказ нелегално стекнати прислушувани или тајно снимани материјали, а што е основ за отворање на можноста за креирање монтирани процеси насочени кон сите политички противници на СДС и на сите чесни Македонски граѓани кои не се согласуваат со предавството на Црпко и СДС и кои си ја сакаат татковината. Резултатите од овој чекор се двострани: Прво, дисциплинирање на граѓанството со втерување страв од прогони формално судски поткрепени и Второ, обезглавување на ВМРО-ДПМНЕ како единствена и кохезирачка сила преточена во Груевски со целиот негов авторитет, со цел да се спречи политички организирана борба на Македонските граѓани против Црпко Предавнички и СДС Предавничка.
9.Промена на името на државата – крајна цел во следните девет месеци до една година. Преку узурпација на државната власт и кражба на државата и уште очекуваниот обид да се украдат локалните избори СДС предавничка многу бргу ќе може да го реализира и овој последен чекор, а преку употреба на механизмите на власта на сите нивоа и притисок врз граѓаните. Резултатот е јасен, уставно ќе станеме безимена аморфна маса на збир од неидентификуван народ во безимена држава која ќе има Бугарска историја и мнозинство од 20% хомогенизирано малцинство Албанци и некакво си описно име со географска одредница што никако нема да асоцира, а не пак директно да укажува на национална држава на Македонскиот народ. Впрочем погледнете го однесувањето и на Љубчо Георгиевски и од оваа временска дистанца ќе ни стане јасно и неговото однесување во 2001 и наводното лутење на потпишувањето на Охридскиот договор и тоа поврзете го со однесувањето на Љубчо, Љубе и Стојанче на изборите 2016 и нивната улога за одвлекување на 20 илјади гласови потенцијални за ВМРО-ДПМНЕ. Нема да ме изненади доколку и
Слободан Богоевски и Павле добијат некое место како отплата на наградата за уништување на Македонија.
По реализацијата на овие девет чекори за девет месеци до една година, Црпко ќе може комотно да ја кантонизира државата и потоа да исчезне.Да не заборавиме, ние тоа му го овозможивме неверувајќи во зборовите на Груевски во предизборието, неверувајќи му на претседателот Иванов, неверувајќи на сите научно и прагматично докажани ставови кои ги изнесував и јас и моите колеги колумнисти и доколку продолжиме да се однесуваме „космополитски“ и амбивалентно како да не се работи за наша татковина и наша иднина потполно ќе му го отвориме патот.
Последната шанса за демократски расплет и враќање на Македонија во рацете на нејзинте граѓани и на мнозинскиот народ кој си ја сакаат својата татковина како унитарна и демократска држава се ЛОКАЛНИТЕ ИЗБОРИ НА 15-ТИ ОКТОМВРИ. Преку гласањето за ВМРО-ДПМНЕ на овие избори и одлучна победа на коалицијата „За подобра Македонија“, ќе се покрене иницијатива за предвремени Парламентрни избори и ќе се сопрат деветте разурнувачки чекори на предавничката СДС.
Сакам да напоменам дека по предвремените Парламентарни избори и победата на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „За подобра Македонија“, ќе биде тешко, но во оваа фаза и не е неизводливо да се вратат работите наназад, односно да се врати достоинството на Македонија на меѓународната сцена и да се сочува државата. Предавниците и сите нивни слуги кои ја предадоа татковината и кои ги прекршија уставот и законите ќе одговараат по закон. Тоа не им бега.
Да не ја испуштиме последната шанса за Македонија и за сите нас на 15-ти Октомври, бидејќи вакви шанси не се секојдневие за потоа да не велиме дека некој не ни кажал.
Доцент д-р Оливер АндоновМожам да ги разберам Македонските граѓани дека едноставно не поверуваа, бидејќи беа под силен (цели три години) добро испланиран и координиран прит

Пронајдете не на следниве мрежи: