Опаѓање на интелигенцијата: Научниците утврдија дека поп хитовите стануваат бесмислени, па одредени истражувачи веруваат дека зад тоа стојат Илуминатите коишто сакаат да воспостават Нов светски поредок.Појавата и ширењето на тн. популарна музика кон средината на минатиот век, значајно го измени светот во којшто живееме бидејќи музичарите го критикуваа општеството, а нивните обожаватели започнувале културни и реални револуции. Меѓутоа, денешните музички ѕвезди пеат хитови кои не зборуваат за ништо, а често немаат никаква смисла.
Многу истражувачи веруваат дека сѐ поглупавите текстови на листата најслушани песни не се последица од некои спонтани промени во општетсвото, туку дека се една од причините поради кои живееме сѐ полошо.
Научниците пресудија
„Неодамна објавена научна студија го потврди очигледното – текстовите на песните од популарните музички жанрови станаа неверојатно глупави и секој ден се сѐ полоши. Само пред десет години текстовите од песните на Билбордовата топ-листа беа на интелектуално ниво на дете од 10 или 11 години, а сега се на ниво на дете од 7 години. Зошто тоа се случува и зошто ситуацијата се влошува? Јасно е дека не станува збор за случајност, туку за системско ширење на пандемија на антиинтелектуализам. Со оглед на тоа дека шест корпорации контролираат повеќе од 90 отсто од светските медиуми, а 80 отсто од плејлистите на радио станиците се скоро идентични, јасно е дека слушањето на бесмислени песни не е избор, туку е наметнато“ – тврди Клер Берниш, новинар и публицист.
Како што тврди, научниците веќе докажале дека повторувањето на бесмислени стихови доведува до опаѓање на интелектуалните способности.
„Општеството е фокусирано на забава, себепромоција и идолопоклонство кон ѕвездите, а во опаѓањето на интелектуалните способности на населението помага разорувањето на училишните системи ширум светот. Од гледиште на политичарите, ова заглупување има смисла – преку индоктринација се создаваат послушници. Ако културата и музиката се занимаваат само со бесмислена диверзија, а образованието е разорено, луѓето повеќе не ја преиспитуваат апсурдноста на системот во кој живеат, ниту се бунат против власта“ – тврди Берниш.
Без индивидуалност
Публицистот и уредникот на порталот „Infowars“, Пол Џозеф Вотсон, вели дека текстовите на популарните песни денес се сѐ поглупави и дека тоа намерно се прави.
„Падот на квалитетот не е субјективно мислење, туку е резултат на научни студии спроведени од страна на шпански научници кои покажуваат дека стиховите во последните 60 години станаа значително бесмислени, песните имаат помалку зборови, а повеќе нив се повторуваат. Посебно се глупави текстовите на најпопуларните пејачки како што се Бијонсе, Лејди Гага, Кеша и Ники Минаж. Додека групата Пинк Флојд во 1980. стигна на прво место на топ-листите говорејќи за проблемот со наметнувањето авторитет од страна на државата во песната `Another brick in the wall`, песните на Ники Минаж на зборуваат за ништо и единствената причина што постојат е за да може пејачката да сними спот во којшто мрда со задникот“ – тврди Вотсон.
Тој додава дека песните звучат исто, како и дека индивидуалноста и оригиналноста не постојат.
Римски клуб
„Музичарите повеќе и не пишуваат песни, туку зад нив стојат исти автори и продуценти. Поголем дел од песните на топ-листите се дело на четири продуценти, а компјутерските алгоритми се користат за да се провери дали може некоја песна да стане хит. Затоа сѐ звучи исто. И порано постоеле песни кои не зборувале за ништо, но денес воопшто не постојат песни кои се занимаваат со било каква сериозна тема. И тоа не е случајно, туку е дело на проектот на елитата за воспоставување на Нов светски поредок“ – вели Вотсон.
Публицистот Роналд Бејли тврди дека зад индустријата на популарната музика стои таканаречената елита.
„Кога бев вработен во музичката индустрија, почнав да истражувам како се донесуваат одлуки. Открив застрашувачко ниво на лаги и систем кој што сака да ги масите. Тогаш видов начин на кој музиката може да влијае на луѓето и како на луѓето им се праќаат пораки преку музика. Научно е докажано дека музиката го менува однесувањето на луѓето бидејќи мелодијата и текстовите прилично несвесно се паметат. Токму поради тоа, елитата ја користи музиката за да ги контролира луѓето и да ги заглупи до тоа ниво, за да може да воспостави Нов светски поредок“ – вели тој.Појавата и ширењето на тн. популарна музика кон средината на минатиот век, значајно го измени светот во којшто живееме бидејќи музичарите го критик