Плод на ВОНБРАЧНА АФЕРА: Ова е синот на славен актер и куќна помошничка!

Вонбрачниот син на Арнолд Шварценегер сѐ повеќе личи на него. Актерот долго време криеше од јавноста дека има вонбрачен син, но со оглед на тоа колку Џозеф Баена личи на него, таа тајна секако дека не можеше да остане скриена.Вонбрачниот син на Шварценегер сѐ повеќе личи на него!
Освен децата од бракот со Марија Шрајвер со која помина 25 години, Шварценегер има уште еден син со домашната помошничка којашто работела во неговиот семеен дом.
Тајната за оваа афера која беше разоткриена во 2011 година беше причината за разводот на славниот актер и неговата сопруга со која има четири деца.

Ова 18-годишно момче беше забележано во Малибу, а сите веднаш забележале дека сличноста со поранешниот гувернер на Калифорнија е неверојатна, особено од периодот кога тој ја толкуваше улогата на Конан од 1982 година.
Со неговата мајка Милдред Патриша Баена, познатиот „Терминатор“ има секс­-афера во 1998 година. Штом се дознало за тоа, поранешната сопруга на Арнолд се иселила од семејниот дом и поднесе документи за развод.

Пронајдете не на следниве мрежи: