На 1 октомври во Прилеп ќе се одржи 4-тиот по ред велосипедски настан „Тура преку Слива“. Организатори се здружението „Велосипед 2015“ во координација со Општина Прилеп. Стартот е од плоштадот „Александрија“, а турата ќе ги опфати селата : Волково, Чумово, Штавица, Бонче, Подмол и Марул. „Очекуваме гости од повеќето градови од Македонија. Како и во минатите години така и сега имаме мали измени на патеката со цел да ја направиме турата поинтересна. Учесниците ќе имаат можност да посетат и повеќе знаменитости меѓу кои : Макетата на црквата во с. Штавица изградена за потребите на филмот „Пред дождот“ на М. Манчевски, праисториското светилиште „Палатица“ како и видиковецот „Св.Петка“ над с. Штавица , потоа летниковецот „Слива“ и Кралската гробница на археолошкиот локалитет „Старо Бонче“ кај месноста Павла Чука. Попатно пак ќе има два освежителни пункта за учесниците, првиот на летниковецот „Слива“, а вториот кај Кралската гробница“, вели Душко Димкоски, претседател на здружението „Велосипед 2015“.
Патеката е со должина од 54 км. и има искачување од 1.100 м. висинска разлика.
„Традиционално локалната самоуправа секоја година ја поддржува оваа велосипедска тура, таа е една од најживописните тури во Македонија. Се надевам дека стотици љубители на велосипедизмот ќе учествуваат на неа. Овој настан е предвиден и за посета на одредени историски знаменитости кои го красат овој дел од прилепскиот регион. Учесниците ќе се запознаат со дел од нашите најубави населени места, а сето тоа потоа ќе биде збогатено со една заедничка забава“, истакна Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.
Манифестацијата е планирано да заврши со заеднички ручек и мала забава за сите учесници.„Очекуваме гости од повеќето градови од Македонија. Како и во минатите години така и сега имаме мали измени на патеката со цел да ј