По 6- ти пат ќе се одржи меѓународниот натпревар во ориентација „Пеце Атанасоски“

Од 29 септември до 01 октомври во Прилеп и Крушево ќе се одржи 6-тиот по ред меморијален меѓународен натпревар во ориентација „Пеце Атанасоски“. На овој натпревар пријавени се околу 200 учесници, од кои 100 ќе бидат од странство, од 14 држави. Организатори на оваа манифестација се Ориентациониот клуб „Златоврв“ од Прилеп со поддршка на Општина Прилеп.„Првата дистанца, односно спринт дистанцата ќе се одржи во Крушево на 29 септември, на 30 септември ќе се одржи средната дистанца на ридот Маркови Кули и последниот ден ќе биде долгата дистанца која ќе се одржи на Селечка планина, а стартот ќе биде од кај манастирот Свети Димитрија во Селце. Овој натпревар се организира по 6-ти пат, а 4-ти пат има интернационален карактер. Мора да се напомене и тоа дека имаме огромна поддршка од белгискиот клуб „Трол“, кој не само што ни пренесува искуство туку и ни помага со опрема и финансиска поддршка“, истакна Мери Чкрипеска, претседател на ОК „Златоврв“ од Прилеп.
Ориентацијата како спорт потекнува од Скандинавија, а целта на овие манифестации била негова поголема промоција во Македонија. Инаку ориентацијата е спорт наменет за сите оние кои ја сакаат природата и за разлика од другите спортови тука нема возрасна граница, со него се занимаваат и дечиња од 4 или 5 годишна возраст, па се до лица кои имаат дури и по 90 години.
 
„Натпреварувачите кои се занимаваат со ориентација потребно е да имаат компас, електронски чип, кој се носи на прстот и со кој се чекираат поминатите точки и мапа која секој натпреварувач ја добива на стартот од трката. Мапите не се знаат претходно, на неа е обележана патеката која секој натпреварувач мора да ја помине редоследно и секој натпреварувач треба да го најде најбрзиот пат од една до друга контролна точка. Значи ако имаме пример 100 натпреварувачи никој од нив нема да помине иста патека. Секој ќе си ја избере својата дестинација која мисли дека е најдобра и најбрза. Најпрво на стартот на трката треба да се корист компасот, потоа на секоја контролна точка има електронска станица, на неа со чипот кој се носи на раката се чекира и на крајот од чипот може да се види колку време му било потребно на натпреварувачот да оди од една до друга зададена точка. Доколку се покаже дека некој од натпреварувачите нема поминато некоја точка тогаш тој се дисквалификува“, изјави Михаел Ван Балан, член на белгискиот клуб „Трол“.
Ориентацијата е спорт каде треба да се комбинира физичката подготвеност со психичката подготвеност и знаењето да се чита добро мапата каде се зададени точките кои треба да се поминат.
„Во организација на Општина Прилеп и Ориентациониот клуб „Златворв“ ќе се организира уште еден од многуте настани поврзани со развојот на т.н. алтернативен екстремен спорт. Задоволство е да се најави овој настан на кој ќе има преку 200 учесници, од кои 100 ќе бидат странци од 14 држави од скоро сите континенти. Прилеп ќе биде домаќин на уште еден квалитетен меѓународен настан, им посакувам да имаат добри натпревари и целта на ваквите манифестации е заштита на животната средина, дружење и откривање колку човечкиот организам и тело е подготвено да ги издржува овие предизвици и напорни патеки. Прилеп е центар на Балканот за развој на алтернативниот спортски туризам, освен ориентацијата, туку ги имаме болдерингот, параглајдингот, мото крос трките, планинскиот велосипедизам, планинскиот ултра маратон, трофи со џипови и други манифестации од ваков карактер. Сите овие настани максимално се поддржани од Општина Прилеп“, потенцираше Марјан Ристески, градоначалник на Прилеп.  „Првата дистанца, односно спринт дистанцата ќе се одржи во Крушево на 29 септември, на 30 септември ќе се одржи средната дистанца н

Пронајдете не на следниве мрежи: