Авиокомпанијата “Етихад ервејс” (Etihad Airways) со седиште во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) ќе се здобијат со 49% од српскиот национален авиопревозник “ЈАТ” (JAT Airways) и ќе го прекрсти во “Ер Србија” (Air Serbia), со што познатата авиокомпанија „ЈАТ“ по 66 години ќе замине во историјата.
Деталите за трансакцијата беа соопштени на официјална прес-конференција во Белград и клучен елемент е дека арапската авиокомпанија го презема на 5 години раководењето со компанијата, во која ќе бидат вложени 200 милиони долари за нејзината ревитализација.
Според Џејмс Хоган – извршен директор и претседател на Управниот одбор на Etihad, тоа е почетокот на “нови возбудливи можности за Србија”. Подоцна, првиот вицепремиер Александар Вучиќ изјави дека наскоро новата “Ер Србија” ќе стане регионален лидер на пазарот со околу 100 милиони корисници.
Вучиќ ги критикуваше оние кои се незадоволни, и кои велат дека странци ќе управуваат со авио-превозникот. “Среќен сум дека веќе нема да има партиски членови, администратори и секретарки … За прв пат ќе имаме компанија која нема да зема милиони од Владата, туку ќе плаќа даноци, ќе заработува и ќе биде најсилната во Србија. ”
Според условите на договорот, “Етихад ервејс” ќе одвои 40 милиони долари заем на “Ер Србија”, кои од 1 јануари 2014 година. ќе бидат претворени во удели во српскиот авиопревозник. Потоа “Етихад” ќе обезбеди уште 60 милиони долари во форма на заем и други финансиски механизми.
Од своја страна, владата на Србија ќе вложи приближно уште толку средства и така финансиската инјекција во целата програма ќе достигне 200 милиони долари.
Инвестицијата во Србија е шестото и најголемио капитално вклучување на “Етихад”. Тие контролираат во моментов 29.21% од германската airberlin, 40% од Air Seychelles, 10,5% од Virgin Australia, 2,99% од ирската Aer Lingus и 24% од индиската Jet Airways.Деталите за трансакцијата беа соопштени на официјална прес-конференција во Белград и клучен елемент е дека арапската авиокомпанија го презема на 5