По 70 години: Средба на тројца браќа кои биле разделени на раѓањето

„Подобро некогаш, отколку никогаш“. Така гласи мантрата на тројцата браќа кои неодамна првпат се сретнаа откако биле разделени 70 години.Откако минатиот викенд повторно се сретнаа, браќата Дејвид Бејер (75), Ноел Томпсон (70) и Доналд Томпсон (92), се неразделни затоа што сакаат да се запознаат што подобро пред да се вратат во своите домови.
Таткото е ист на сите, но единствено Бејер, кој е роден вонбрачно е даден на посвојување кога бил роден. Тој рече дека знаел дека има помлад брат, но не знаел каде се наоѓа.
– Не можете да замислите колку радост ни донесе ова, рече Бејер.
Меѓутоа, не знаел дека има уште еден, постар, полубрат, Доналд Томпсон, кој го родила друга жена и кој заминал да живее со неа кога татко му ги оставил.
Доналд Томпсон дознал дека има помлад полубрат, Ноел, така што го прочитал неговото име во весник кога починал неговиот дедо.. Од тогаш неколку години го барал, но без успех.

 
Дури кога ќерката на Бејер, Ненси Тејлор (49) отишла на интернет страницата ancestry.com пред четири месеци и ја почнала потрагата, се разреши целата мистерија околу потеклото на таткото и се стана појасно.
Таа вели дека е „потреба да дознае“ која и е баба ја потикнувала постојано да бара подлабоко и подлабоко. Мајката на трите момчиња  фалсификувала некои податоци за нивното раѓање, а имало и грешки при пишувањето на имињата, така што било потребно многу време и труд за Ненси да ја открие целата вистина. На крајот успеала да ги најде двајцата браќа на таткото.
– Не сакав да престанам додека не ги пронајдам. Кога конечно ги пронајдов, тоа повеќе беше олеснување отколку изненадување, рече Ненси Тејлор.
Додека седеле заедно и се смееле, браќата утврдиле дека меѓу нив не ни постоела некоја особено физичка сличност, колку што имало психичка.
– Постои цела генерација луѓе кои се уште не ги знаеме. Ова беше ден ипол незамисливи случувања, рече Дејвид Бејер.
На крајот се договориле на наредната средба ги викнат и своите семејства, а Доналд и Ноел дури размислуваат и да се преселат на Флорида, за сите тројца да бидат блиску. 
Извор: СителОткако минатиот викенд повторно се сретнаа, браќата Дејвид Бејер (75), Ноел Томпсон (70) и Доналд Томпсон (92), се неразделни затоа

Пронајдете не на следниве мрежи: