По четврти пат Тур де Галичица во Преспа

Во недела на 18 јуни 2017 година  со почеток од 9 часот од Градскиот плоштад Цар Самоил во Ресен ќе стартува овогодинешниот настан “Тур де Галичица”   во организација на Велосипедскиот Клуб Преспа Бајк од Ресен и помогнат од Општина Ресен .На овогодинешната велосипедска тура низ Преспа и низ Националниот Парк Галичица, учество ќе земат повеќе од 250 рекреативци од сите краеви на државата. Оваа година од страна на организаторите најавени се и новини во настанот, но и измени кои ќе бидат дел од тридневневното дружење кој всушност започнува на 16 јуни со поставување на камп на учесниците на местото викано Починалиште во Ресен .  Организациски останува старата добра велосипедска рекреативна тура низ падините на Националниот Парк Галичица која започнува од Ресен во вкупна должина од 71 километар,а новина е најава за планинарска тура до највисокиот врв на планината Галичица, (Магаро 2255 м.н.в). 
За сите учесници во сабота најавен е музички хепенинг во м.в. Касарна во Ресен  каде учесниците ќе ги добијат и натпреварувачките пакети обезбедени од организаторот.
 
Инаку Тур де Галичица оваа година се организира по четврти пат и според еден од одговорните во организацијата на настанот Кристијан Ќулумовски покрај дружењето, рекреацијата основна цел на настанот е да се даде силен допринос кон промоција на природните убавини на Преспа во функција на развој на туризмот во ова подрачје.На овогодинешната велосипедска тура низ Преспа и низ Националниот Парк Галичица, учество ќе земат повеќе од 250 рекреативци од сите краеви на држав

Пронајдете не на следниве мрежи: