По грешка: Сакал да се одмазди на чуварот, а го искршил автомобилот на министерката

Полицијата во Бања Лука денеска го уапси Мирко Ковачевиќ, кој е обвинет дека минатата недела „по грешка“ го оштетил автомобилот на министерката за градежништво на Република Српска, Сребренка Голиќ.Полицијата во Бања Лука денеска го уапси Мирко Ковачевиќ, кој е обвинет дека минатата недела „по грешка“ го оштетил автомобилот на министерката за градежништво на Република Српска, Сребренка Голиќ.
Ковачевиќ се товари дека со метален лост ги искршил стаклата и ја оштетил шасијата на автомобилот на Голиќ марка „Фолксваген Пасат“.
Ковачевиќ го призна делото нагласувајќи дека тоа го направил по грешка и дека нема ништо против Голиќ.
Имено, Ковачевиќ сакал да му се одмазди на еден чувар во затворот од кој неодмна излегол, а кој имал ист автомобил како и Голиќ.
Покрај тоа што двата „Пасати“ биле со иста боја, исти им биле и последните две цифри на регистраските таблички, што дополнително придонело за грешката на Голиќ.
 Полицијата во Бања Лука денеска го уапси Мирко Ковачевиќ, кој е обвинет дека минатата недела „по грешка“ го оштетил автомобилот на мини

Пронајдете не на следниве мрежи: