По интензивната медиумска кампања, во која холивудските филмски куќи потрошија милионски суми, во раните утрински часови по американско време во средата заврши гласањето за најважните филмски награди Оскарите, коишто ќе бидат доделени во 24 категории во недела во Лос Анџелес.Гласањето, освен со традиционалните гласачки ливчиња годинава по првпат во 85-годишната историја на доделувањето на овие награди беше спроведено и преку онлајн гласање. Повеќе од 5.800 членови на американската Академија за филмски науки и уметноста (AMPАS) беа повикани да гласаат за номинираните во 24-те категории.Гласањето започна на 8-ми февруари и заврши во раните утрински часови во средата.Онлајн гласањето, коешто првпат годинава е воведено, беше проследено со пријави од гласачите и лозинките, меѓутоа и покрај тоа околу половина од членовите на Академијата гласале преку интернет, додека другата половина се решиле за традиционалниот начин со испраќање по пошта на гласачките ливчиња. Целта за воведување на онлајн гласањето беше да се забрза гласањето, особено за оние членови на Академијата коишто живеат на другите континенти.Резултатите од гласањето до недела ќе бидат чувани на тајна локација под контрола на компанијата „Pricewaterhouse Coopers“ којашто оваа должност ја врши веќе 79 години и која ги доставува ковертите со имињата на победниците на сцената на 24-ти февруари.Поради крајно неизвесните трки за Оскарите во неколку категории, меѓу кои се и оние за најдобар филм, режија, главни и споредни актери, продуцентските куќи годинава вложија вртоглави доларски суми промовирајќи ги своите филмови преку весниците, радијата и телевизиите.Така, весникот The Los Angeles Times проценува дека студијата „Warner Bros“ за својот филм „Argo“ и студијата „ Walt Disney Co.“ за нивниот филм „Lincoln“, потрошиле и двете по 10 милиони долари во изминатите неколку седмици од кампањата. Двата филма, инаку, се главни фаворити за наградата Оскар за најдобар филм на годината.Најмногу номинации има историската драма „Lincoln“ на славниот режисер Стивен Спилберг – 12 вклучувајќи ја и онаа а најдобар филм, а потоа следи „Life of Pi” со 11 номинации, па комедијата „Silver Linings Playbook“ со осум номинации, и трилерот кој се занимава со иранската заложничка криза од периодот на исламската револуција во 1979 година – „Argo“ на Бен Афлек, кој е номиниран во седум категории.
МакфаксПо интензивната медиумска кампања, во која холивудските филмски куќи потрошија милионски суми, во раните утрински часо