Во салата за состаноци на Општина Берово, а по повод меѓународната кампања „16 дена активизам за борба против насилство врз жените“, во организација на Советодавната група граѓани од Општина Берово се одржа состанок на кој се дискутираше за моменталната состојба и системот на заштита во областа на домашното насилство и насилството врз жените во Македонија. Од страна на претставник од Полициската станица во Берово беше даден краток осврт за пепознавање на семејното насилство и беше упатено на целта на самата кампања, а тоа е да се намали семејното насилство и да најдеме начин да ги заштитиме жртвите на семејно насилство.
Претставник на Меѓуопштинскиот центар за социјална заштита со своја презентација која изобилуваше со примери од секојдневието и со кратки инсерти од филмови исто така го долови начинот на препознавање на жртвите од семејно насилство, но упати и на механизми и начини за заштита од истото.
На состанокот исто така беше зборувано за превенција од употреба на пиротехнички средства особено околу престојниот период во кој истите најмногу се употребуваат, и беше истакнато да се организираат повеќе едукативни работилници за децата, меѓутоа и за родителите, како би се подигнала свеста за неупотребување на такви средства.
На крајот беше отворена дискусија во која граѓаните, претставници од различните институции даваа свои предлози, пренесуваа свои искуства и следеа заклучоци. Од страна на претставник од Полициската станица во Берово беше даден краток осврт за пепознавање на семејното насилство и беше упатено на целта на