петок, 27 ноември 2026
Најново

По трет пат Килимијада во Прилеп

Претпочитан извор Додај го Пулс24 во твоите извори на Google Додај

Денеска во организација на невладината „Мајка Традиција“ на плоштадот кај Саат кулата се одржа изложба на килими и на традиционални везови и ракотворби, настан познат под името „Килимијада“.Гадоначалникот Марјан Ристески, го поздрави настанот и посочи дека манифестации од ваков тип секогаш се добредојдени, зошто преку нив се враќаме кон старата традиција и корените.
„Срцата ни се исполнуваат со вакви настани, тука имаме донесено само дел од килимите со мотивите, ружите, трендафилите на десете разни килими од кој изложен е најубавиот – цветниот, посочи Љубица Петреска од „Мајка Традиција“.
Панде Ризеска, со 68 години, среќна е што е дел од овој начин на негување традиции и дружење меѓу постарите генерации па и со помладите. Вели од секаде ги посетувале, имаме и бројни благодарници и признанија поврзани со оваа манифестација.
Настанот беше збогатен и со настапот на КУД „Моминок“ од Прилеп.Гадоначалникот Марјан Ристески, го поздрави настанот и посочи дека манифестации од ваков тип секогаш се добредојдени, зошто преку нив се

Поврзани вести