Победничка атмосфера меѓу младите во ВМРО- ДПМНЕ

Победничка клима и атмосфера се чувствува во ВМРО-ДПМНЕ, како на состаноците на сениорите на партијата, така и кај младите.Унијата на млади сили покрај редовните координации кои ги имаат младите, како што информираат од таму во последниот период почнаа и со други видови на средби меѓу младите. Како што велат тие самите, УМС никогаш не биле толку сплотени и решени да ги сочуваат темелите на државноста на Република Македонија, а како што велат младите од ВМРО-ДПМНЕ со потезите кои ги прави новата Владата на СДСМ директно се удира по истите.
Сликата која што може да се види на состаноците и собирите на најбројната младинска организација во Македонија, како што велат од УМС ги потврдуваат очекувањата за голема победа на претстојните локални избори во октомври, кои би претставувале и подлога за предвремени парламентарни избори и враќање на ВМРО-ДПМНЕ на власт на централно ниво, порачуваат од УМС.

 
Преполни сали и многу млади луѓе на состаноците и собирите кои ги организира Унијата на млади сили се секојдневна слика.
Инаку, УМС пред неколку денови започна со теренски активности и секојдневно раководството на организацијата е на терен, каде се слушаат потребите и проблемите на младите, се со цел тие да бидат решени кога повторно ВМРО-ДПМНЕ ќе се врати на власт, велат од младинската организација на најбројната партија во Собранието.
Инаку, покрај еуфоричната атмосфера во комитетите на опозициската партија, победа на локалните избори предвидуваат и испитувањата на јавното мислење на граѓаните. Анкетите на институтот „Павел Шатев“ покажуваат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе дојде до голема победа на претстојните локални избори.
37.8 отсто од анкетираните граѓани сметаат дека ВМРО-ДПМНЕ ќе победи, додека 20.7 отсто велат дека тоа ќе биде СДСМ.

Доколку следната недела има избори, гласот за ВМРО-ДПМНЕ би го дале 26.7 отсто од испитаниците, а 18.8. за СДСМ.

На прашањето, „Помеѓу СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ кој има подобра партиска програма (без испитаници Албанци)“, високи 49.6 проценти одговориле ВМРО-ДПМНЕ.

 Унијата на млади сили покрај редовните координации кои ги имаат младите, како што информираат од таму во последниот период почнаа и со други видови

Пронајдете не на следниве мрежи: