Почина актерот Владимир Светиев

Во  69-та година од животот денеска почина актерот доајен Владимир Светиев, соопшти Македонскиот народен театар, каде што утре во 10 часот ќе биде одржана комеморација.Тој е роден во 1945 во прилепското село Светомоитрани, е еден од најекспонираните македонски актери и  долгогодишен првенец на Македонскиот народен театар.  Тој е меѓу 15-ина студенти на Илија Џувалековски, дипломирал во 1971 на  Академијата за театар, филм, радио и телевизија во Загреб, каде што  легендарниот професор организирал наставен модел кој им овозможил предметите Актерска игра и Сценски говор со техника на глас да ги учат на својот мајчин јазик.
Во  1971 година  Светиев влегол во ансамблот на Драмата на МНТ, дебитирајќи во пиесата на Бранко Пендовски „Под пирамидата“. Таму го поминал сиот работен век, а повремено гостувал и во другите македонски театри. Две сезони поминал во Милхајм, Германија, во Театарот на Ромите „Пралипе“.
Одиграл шеесетина улоги и во историјата на македонската глума е  впишан како еден е од најнаградуваните актери: добитник е на дури пет награди за најдобри театарски остварувања на МТФ „Војдан Чернодрински“ во Прилеп  (1977, 1988, 1990, 1991 и 2002), на наградата „Војдан Чернодрински“ за животно дело (2012) и на наградите „11 Октомври“  и „13 Ноември“. 
Посмртните останки утре во 13 часот  ќе бидат изложени во капелата на Светонеделските гробишта  во Битола, а  погребот ќе биде извршен во 14 часот. Тој е роден во 1945 во прилепското село Светомоитрани, е еден од најекспонираните македонски актери и  долгогодишен првенец на

Пронајдете не на следниве мрежи: