Почина легендарен музичар!

Перси Слеџ, соул музичар и автор на „When A Man Loves A Woman“  почина утрово на 73 годишна возраст.Слеџ починал во неговиот дом во Луизијана по долгогодишна борба со ракот.
Пред да биде откриен како голем музички талент Перси Слеџ работел во болница и постојано им пеел на пациентите.

Роден е во Алабама. Светски познат стана во 1966 година кога беше објавена неговата култна песна „When a Man Loves a Woman“.
Оваа песна е на 53 место на списокот на магазинот „ Rolling Stone“ за најдобри 500 песни на сите времиња.
Иако имал и други познати хитови, оваа песна останува неговиот белег во светската музичка индустрија. Во биографијата на Перси Слеџ стои дека таа е инспирирана од вистинска случка – ја напишал откако девојката го оставила за друг.
Перси Слеџ зад себе остави сопруга, 12 деца, 15 внуци и правнуче.
– Беше прекрасен човек во ужасен бизнис. Навистина отскокнуваше, рече музичкиот агент на Слеџ, Стив Грин.
 Слеџ починал во неговиот дом во Луизијана по долгогодишна борба со ракот.
Пред да биде откриен како голем музички талент Перси Слеџ работел

Пронајдете не на следниве мрежи: