Утрово околу 2 часот по полноќ во својот дом во Делчево, ненадејно на 52-годишна возраст почина новинарот Стојанчо Антовски.Во војата новинарска кариера, Антовски работеше како дописник на МРТВ, а во родното Делчево беше дел од првата постава новинари кои ја започнаа програмата на јавната локална радио-телевизија во Делчево, позната како Радио-телевизија Делчево.
Негов последен проект беше Радио „Зора“, единствено радио во Делчево со информативен и забавен карактер. Делчевци ќе го паметат по многубројните репортажи и новинарски записи со кои го бележеше живот во Делчево, а колегите, како искрен и пожртвуван пријател. Антовски зад себе остави сопруга и две ќерки.
Погребот ќе се изврши утре во 11 часот на градските гробишта во Делчево.Во војата новинарска кариера, Антовски работеше како дописник на МРТВ, а во родното Делчево беше дел од првата постава новинари кои ја започнаа про