Почина Реј Манзарек, еден од основачите на The Doors

Реј Манзарек, клавијатурист и еден од основачите на култната група The Doors ја загуби битката со ракот на жолчката. Почина на 74 години, во Германија, во кругот на семејството.
Заедно со Џим Морисон во 1965-та година ја формираат The Doors, а во својата кариера има продадено 100 милиони албуми ширум светот.
Морисон почина во 1971-вата година, но Манзарек го продолжи наследството на бендот, продолжувајќи да работи како музичар и автор.
– Ми беше многу жал кога слушнав за смртта на мојот пријател и колега Реј Манзарек. Мило ми е што ги свирев песните на „Дорс“ со него последнава деценија. Реј беше огромен дел од мојот живот и секогаш ќе ми недостига – изјавил гитаристот на групата Роби Кригер.Реј Манзарек, клавијатурист и еден од основачите на култната група The Doors ја загуби битката со ракот на жолчката. П

Пронајдете не на следниве мрежи: