Починал од срцев удар, а докторите го лечеле со парацетамол!

Триесет и едно годишен човек почина од срцев удар откако два пати бил испраќан дома од болницата во која му давале да пие само парацетамол.- Гери Едгар жалејќи се на болки во градниот кош ја посетил Monklands болницата во Lanarkshire.
– Неговото семејство и тој самиот  вели дека бил испратен дома со лекови против болки.
– Болката се влошила околу три часа подоцна, по која тој пак се обратил во болницата.
– Неговиот брат, Колин, тврди дека и после второто обраќање во болницата, брат му бил испратен дома, со образложение дека сета болка е од стрес и повторно да конзумира антибиотик парацетамол.
–  Следниот ден, тој беше пронајден мртов дома, од страна на неговиот брат.
– Мајката на г-дин Edgar, Елејн Бојл, поведува истрага за целиот процес.

 

Еден човек почина од срцев удар откако два пати бил испраќан дома од болницата во која му давале да пие само парацетамол.
Гери Едгар, (31),се обратил во одделот за итни случаи,бидејќи страдал од тешки болки во рацете и градите. Мајката на г-дин Едгар, Елејн Бојл, поведува истрага за целиот процес.
Неговото семејство тврди дека тој беше испратен дома од страна на персоналот на Monklands болницата  во Ердри, Lanarkshire, и му било насочено да конзумира парацетамол, за ублажување на болките. Сепак болките се влошиле и тој се вратил во истата болница по само три часа подоцна, но неговото семејство тврди дека тој бил вратен дома со истата дијагноза.
Следниот ден, г-дин Едгар беше пронајден мртов на подот во својот дом кој го дели со своите браќа во Coatbridge.
Поради целиот инцидент, неговата мајка Елејн Бојл,50 години, го критикува медицинскиот  персонал бидејќи можел да направи многу повеќе и да го спаси нејзиниот син.
– Таа вели:   “ Јас не сум задоволна од тоа како мојот син беше третиран и подготвена сум да превземам мерки околу тоа.  Таа додава  “ Јас испратив тужба против лекарот кој не му даде доволно нега на мојот син, и не разбирам како дозволиле тоа да се случи “ . Во болницата требаа да му направат тестови или барем да го надгледуваат под апарати, неговото срце требаше да се следи од страна на вработените, бидејќи тоа беше мојот син, а сега е мртов..
Елејн Бојл уште додава, „сигурно некој во болницата требаше да сфати дека работата е сериозна бидејќи мојот син доаѓа по втор пат. Постојат премногу инциденти како овој и јас не дозволувам да се извлечат со тоа што го сторија.

 

Губењето на мојот син е страшно и не сакам истото да се повтори во друга фамилија.
Ова не требаше да се случи и сакам да знам кои се причините “.
Мајката изјави дека нејзиниот син бил добар, здрав млад човек кој бил физички активен и редовно возел велосипед.
Таа додаде: “Не можев да поверувам кога ми беше кажано дека  Гери починал. “Тој беше способен човек кој оди во теретана, вози точак  и го води кучето на прошетка секој ден.”
– Г-дин Едгар братот на Колин,кој има 32 години, бил и го придружувал својот брат до болница, за потоа од истата да му биде кажано и од истиот доктор кој ги испратил дома,  дека неговиот брат починал. Тој изјавува:
 “ Тој беќе беше во болница истиот ден но беше вратен,кога здравјето се влоши се обративме повторно, но рецепционерот виде дека се работи за истиот пациент, мојот брат Гери, и не испрати дома со парацетамол антибиотици и образложение дека болките се предизвикани од стрес. Мојот брат не беше способен да вози поради големите болки во главата, се распрашував за неговиот крвен притисок,им велев да преземат нешто.. Добив само одговор “дека крвниот притисок е малку висок и нема потреба од загриженост, и повторно рекоа да земе парацетамол  ”. Докторот не сакаше да не ислуша и не предупреди, доколку правиме врева ќе викне полиција.
Фамилијата е незадоволна и вели “Доколку докторите направеа она што требаше да се направи, тој се уште би бил жив “
– Портпаролот на NHS Lanarkshire вели : “ Ние знаеме дека целата фамилија е многу вознемирена и поминува низ тежок период , можеме да потврдиме дека нашата болница е во контакт со г-ѓа Бојл и овој случај ќе биде детално разгледан.
М.З.- Гери Едгар жалејќи се на болки во градниот кош ја посетил Monklands болницата во Lanarkshire.

Пронајдете не на следниве мрежи: