Починатиот маж преку мобилен ја бара сопругата секој ден!

Десет дена по погребот на сопругот , Вера на среде ноќ ја пробудил мобилниот телефон, а од другата страна го слушнала гласот на својот покоен сопруг.Вистинска драма и се случува овие денови на Вера Радаковиќ (72) од српското село Стојник, која, ако може да се верува на нејзините зборови, од почетокот на годината скоро секоја ноќ преку телефон ја повикува сопругот кој починал кон крајот на декември.
Вера за српските медиуми раскажува дека нејзиниот сопруг Живко починал на 26-ти декември, после долга болест, а таа како што доликува го испратила на оној свет. Само десет дена после погребот, Вера среде ноќ ја пробудил телефонот, а од другата страна го слушнала гласот на покојниот сопруг.
-Никогаш нема да ја заборавам таа ноќ кога мобилниот ми заѕвони. Прво мислев дека некој го погрешил бројот, бидејќи нема кој да ме бара така доцна, а потоа кога веќе сакав да ја прекинам врската го слушнав гласот на мојот Живко како тивко вика: „Верааааа”. Вриснав и така силно го фрлив телефонот кој се распадна при ударот на подот, се присетува Вера.
Според нејзините зборови, со телефонот го погребала и неговиот мобилен, кој на денот на погребот му го ставила во џебот од оделото.
-Роднините ме убедуваат дека некој можеби го отворил гробот и го украл телефонот па сега ме малтретира и ме тера да полудам. Знам дека на овој свет се' се случува, но најмногу ме вознемирува фактот што гласот кој го слушнав беше на мојот Живко, кого го слушав секој ден во последните 40 години и не можам да погрешам. Во последно време повиците се повторија, или ќути или само го изговорува моето име. Не знам повеќе што да правам, почнав да го исклучувам телефонот, но кога наутро ќе го уклучам гледам пропуштен повик од бројот на Живко. Ќе барам гробот да се отвори, сакам да видам дали телефонот е во ковчегот или не и конечно да се уверам дали мојот маж од оној свет ме вика или пак некој душман си игра со мене, вели Вера.
Извор: kurir.mkВистинска драма и се случува овие денови на Вера Радаковиќ (72) од српското село Стојник, која, ако може да се верува

Пронајдете не на следниве мрежи: