Вчеравечер на Спортско рекреативниот центар „Плаја Виста“ почна годинешново издание на Фестивалот на Креативни Индустрии – „Скопје Креатива“ кој ќе трае до 11 јуни 2016 година.Ценејќи ги позитивните искуства од минатогодишното издание на фестивалот Скопје Креатива, и годинешното фестивалско издание се одржува во Спортско рекреативниот центар „Плаја Виста“, преобразувајќи го повторно просторот во креативно и уникатно уметничко катче, кое во следните денови на публиката и креативниот сектор од Скопје и Македонија ќе им понуди над 60 настани во вид на изложби, презентации, предавања, работилници, панел дискусии, форуми, дебати и богата музичката програма.
Градот Скопје во својата програмска определба во последните 5 години се насочува кон сé поголема поддршка и иницирање нови активности за развој и поттикнување на креативните индустрии, меѓу кои, секако, големо место зазема и организирањето на фестивалот „Скопје креатива“.
Стремејќи се кон добивање на епитетот и статус на креативен град, Градот Скопје во соработка со претставниците на креативната и уметничката заедница ќе продолжи да ја остварува целта што, а тоа е да се создаваат просторни и организациски услови за работата и дејноста на креативниот сектор.
„Скопје Креатива“ е проект под покровителство на Град Скопје, а во организација на ЈУ Конгресен Центар„ Александар Македонски“ – Скопје и претставува уникатен настан кој позитивно влијае врз развој на културната сцена и на едно место ги обединува креативниот сектор во земјава и регионот, како и бизнис заедницата.
Под мотото „Поврзиме со Креативност“ во претстојните три фестивалски денови ќе посетителите ќе имаат можност да ги проследат настапите и искуствата на реномираните гости од Европа – Карл Малмвал, Хајдулф Гернгрос, Полигон Словенија, Ана Лишч, Викториа Новак, Ренета Георгиева …македонските дизајнери и уметници, Доминиум, Лудус, Нина Нинеска… ФДУ, Архитектонски факултет, Европски факултет, Универзитетот Аристотел од Солун, Американ колеџ, Факултетот за архитектура и технолошки развој од Приштина и др. Исто тка, посетителите ќе можат да учествуваат на настаните од програмата: филмски проекции, видеоперформанси, изложби, презентации, стручни работилници… Оваа година на Скопје Креатива 2016, учество ќе земат дизајнери на 33 поп-ап продавници со свои лични изработки на модни додатоци, накит, филигран и предмети за дома. За прв пат ќе учестуваат 16 домашни излагачи избрани на јавен повик, презентирајќи се со свои лични проекти кои се наменски насочени запазувајќи ја природата на Фестивалот. Дел од Фестивалот е резервиран и за претставување на проектот ИнфоМлади@Креативни – кои ќе се презентираат во пет различни области: филм, мода, веб апликации, макети и кулинарство. Секако неизбежен дел од забавната програма се и нашите музички гости – групата ТИ (Србија) и Foolish Green (Македонија) со свои концерти, како и музичките сесии на Диџеј Адо и Диџеј Шурбе, задолжени за вечерна забава на фестивалската публика.
За реализацијата на овој фестивал, Градот Скопје, од својот буџет за 2016 година, издвои средства во висина од 2.500.000 денари
Овој фестивал останува доследен на претходните изданија и ќе биде од отворен карактер.Ценејќи ги позитивните искуства од минатогодишното издание на фестивалот Скопје Креатива, и годинешното фестивалско издание с