Градоначалникот на Општина Аеродром, Ивица Коневски, со градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска, 27.5.2016 година, официјално го означија почетокот на изградба на три мостови на Усјанскиот канал во Горно Лисиче.Првиот мост се наоѓа на улицата „Ѓорѓи Капчев“, а другите два на улицата „Божин Николов“.
Мостовите ќе се изградат во должина од по 10 метри, а широчина од по 8 метри, вклучувајќи по две коловозни ленти и тротоари од двете страни, како и заштитна метална ограда.
Со изградбата на овие три мостови се очекува значително да се подобрат условите за живот на граѓаните во овој дел на Општината, а секако и да се зголеми безбедноста во сообраќајот, бидејќи тој изминативе 50 години се одвиваше врз импровизирани мостови, кои не само што не ги задоволуваа стандардите, туку претставуваа и потенцијална опасност.
Новите мостови се дел од активностите за подобрување на инфраструктурата во Горно Лисиче, покрај неодамнешната реконструкција на улиците „Тодор Чангов“, „Горно Лисиче“ и „Ѓорѓи Капчев“.
Изградбата на трите мостови, која се очекува да заврши за три месеци, целосно ќе се покрие од Буџетот на Општина Аеродром, за што се обезбедени средства во висина од 8 милиони денари.Првиот мост се наоѓа на улицата „Ѓорѓи Капчев“, а другите два на улицата „Божин Николов“.
Мосто