Денеска, 4.1.2016 година, почна изградба на нова фекална канализација покрај булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во присуство на претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, како и голем број граѓани.Станува збор за обемен проект што опфаќа изградба на нова фекална канализација во должина од околу 800 метри, која ќе овозможи да се приклучат зградите од Реонски центар „Аеродром“, каде Општина Аеродром пред две години ја обезбеди целосната секундарна фекална канализација во должина од 1,5 километар.
Исто така, на новата фекална канализација, ќе може да се приклучат и висококатниците, кои се наоѓаат во завршна фаза на изградба, како и новите згради покрај булеварот „Трета македонска бригада“, каде има изведено 650 метри фекална канализација, така што овој дел од општината ќе биде целосно покриен со неопходната канализациска инфраструктура.
Средствата за овој проект од витално значење за урбаното живеење на граѓаните во висина од околу 27 милиони денари се обезбедени од Буџетот на Град Скопје.Станува збор за обемен проект што опфаќа изградба на нова фекална канализација во должина од околу 800 метри, која ќе овозможи да се приклучат згра