Почна проширувањето и реконструкцијата на булеварот Борис Трајковски- 3 фаза

Почна проширувањето и реконструкцијата на булеварот Борис Трајковски- 3 фазаГрадоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, Заменик претседателот и Министерот за финансии, Зоран Ставревски, Градоначалникот на општина Кисела Вода, Билјана Беличанец-Алексиќ, пратеници од Собранието на Република Македонија, Претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева, членови на Советот на Град Скопје и на општина Кисела Вода, директори на јавните претпријатија, денеска /12.12.2015 година, сабота/ присуствуваа на почетокот на градежните работи на капиталниот проект за проширување и реконструкција на булеварот Борис Трајковски – трета фаза.
– Булеварот „Борис Трајковски“ во оваа трета фаза ќе се реконструира и проширува на потегот од фабриката Стаклара до влезот во населбата Пинтија, со вкупна должина од 2.200 метри. Со проширувањето оваа сообраќајница ќе стане модерен булевар со 4 сообраќајни ленти, со вкупна ширина од 13,75 метри, пешачки патеки од двете страни со вкупна ширина од 3,5 метри, како и велосипедска патека од левата страна со вкупна ширина од 2,75 метри. Вкупната ширина на новиот булевар ќе изнесува 20 метри. Градежните работи на улицата Борис Трајковски ќе се искористат за да се изгради нова атмосферска канализација по должината на коловозот, со три краци, вкупна должина од 2.284 метри и променлив профил од Ф 300 до Ф 1.000 милиметри. На новопроширената делница ќе се постави ново улично осветлување со 121 столб за улично осветлување, високи по 8 метри. Со реализацијата на третата фаза од овој проект, граѓаните ќе добијат нова модерна сообраќајна врска со вкупна должина од 6 километри на потегот од Кисела Вода до Пинтија и околните населени мести – изјави Градоначалникот Трајановски. 
Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски го поздрави почетокот на градежните работи за проширување и реконструкција на булеварот Борис Трајковски – 3 фаза.
– Денеска го продолжуваме големиот проект за проширување на некогашната улица „Првомајска“ и изградбата на големиот булевар „Борис Трајковски“ кој е од големо значење за жителите на Кисела Вода. Овој проект почна во 2011 година и во неколку етапи тесната улица која порано беше синоним за гужви и нервоза се претвори во широк булевар со четири коловозни ленти и со останати пропратни содржини. Вкупната инвестиција е 3,7 милини евра, а реализацијата на проектот е од особено значење за жителите од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и сите околни населени места кои гравитираат во овој регион – изјави Груевски. Средствата за реализација на овој капитален проект се обезбедени преку долгорочно домашно задолжување на Град Скопје, кој потпиша Договор за под-заем со Министерството за финансии, во рамки на средствата обезбедени со Проектот за подобрување на општинските услуги финансиран со заем од Меѓународната банка за обнова и развој-Светска банка.
Вкупната сума за реализацијата на овој проект изнесува 228.164.592 денари со вклучен ДДВ, или околу 3,7 милиони евра.
Изведувач на градежните работи е конзорциумот составен од компаниите „ДГ Бетон АД”, „Бауер БГ” и „Понстрој инженеринг ЕАД”, а рокот на изведба е 18 месеци.
Со реализацијата на овој проект, Скопје ќе добие уште една нова, модерна сообраќајница, што значително ќе ја зголеми безбедноста на сите учесници со сообраќајот, ќе се намали загадувањето и ќе се зголеми проточноста на сообраќајот во овој дел од градот. Овој капитален проект особено ќе биде значаен за околу 70.000 граѓани од Кисела Вода, Драчево, Пинтија, Лисиче, Студеничани и околните населени места кои ќе можат побезедно и полесно да патуваат, а бенефит ќе има и индустриската зона лоцирана во овој дел од градот.Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, Претседателот на Владата на Република Македонија, Никола Груевски, Заменик претседателот и М

Пронајдете не на следниве мрежи: