ПОЧНА РЕКОНСТРУКЦИЈА НА УЛИЦАТА „ЃОРЃИ КАПЧЕВ“

Градоначалниците на Град Скопје и на Општина Аеродром, Коце Трајановски и Ивица Коневски, денеска, 23.3.2016 година, официјално го означија почетокот на целосна реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Ѓорѓи Капчев“ во Горно Лисиче и нејзино асфалтирање. 
 
Имено, улицата „Ѓорѓи Капчев“ ќе се реконструира на потегот од улицата Горно Лисиче, па сè до црквата „Свети Ѓорѓија“ во должина од еден и пол километар и широчина од 6 метри на површина од 9.000 квадратни метри.
Со реконструкцијата на оваа улица се очекува значително да се подобрат условите за живот, но и безбедноста во Горно Лисиче.
Реконструкцијата на водоводната мрежа ќе ја изведува јавното претпријатие „Водовод и канализација“, додека асфалтирањето целосно ќе се покрие од Буџетот на Општина Аеродром, за што се обезбедени средства во висина од 15 милиони денари.
Со градежниот зафат за реконструкција на водоводната мрежа на улицата „Ѓорѓи Капчев“ и на нејзините четири краци, ќе се опфати водоводна мрежа во должина од 1.900 метри. Притоа, ќе се постават полиетиленски цевки со профил од 160, 110 и од 90 милиметри. Овој проект значително ќе го подобри водоснабдувањето во населеното место Горно Лисиче, а директна корист од новата водоводна мрежа ќе имаат 630 жители. За реконструкција на водоводната мрежа на улицата Ѓорѓи Капчев и на нејзините краци ЈП „Водовод и канализација“ ќе вложи околу 21 милион денари. Реконструкцијата на водоводната мрежа се очекува да заврши до крајот на мај, по што ќе следи асфалтирање на улицата.
Инаку, во текот на 2016 година се планираат и други инфраструктурни проекти во оваа населба, како што се реконструкција на три моста на Усјанскиот канал, нови пешачки патеки на булеварот „Февруарски поход“, поставување хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација на улиците „Тодор Чангов“ и „Горно Лисиче“, кои беа неодамна комплетно реконструирани, потоа поставување клупи, канти за отпадоци и заштитни огради, како и осветлување на паркот во изградба покрај кејот на Вардар.
 
  
 
Имено, улицата „Ѓорѓи Капчев“ ќе се реконструира на потегот од улицата Горно Лисиче, па сè до

Пронајдете не на следниве мрежи: