Почна реконструкцијата на три улици во ЛисичеДенеска, 10.11.2016 година, почна реконструкцијата на трите улици во населбата Лисиче со вкупна должина од околу 500 метри.
Имено, станува збор за улиците „Ѓуро Малешевац“ со должина од 200 метри, „Зборски“ чија должина изнесува 110 метри и улицата „Дете Татуличе“ која е долга 170 метри.
Реконструкцијата ќе опфати асфалтирање на коловозот на улиците со широчина од 3,5 метри, како и изградба на тротоари широки по 1,10 метри од двете страни на улиците.
Реконструкцијата ќе чини околу 5,5 милиони денари со средства од Буџетот на Општина Аеродром.Денеска, 10.11.2016 година, почна реконструкцијата на трите улици во населбата Лисиче со вкупна должина од околу 500 метри.