Екипите на Градот Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ денеска /02.06.2016 година/ ги почнаа градежните работи за реконструкција на улицата број 5, во Сарај. На почетокот на градежните работи на оваа улица присуствуваа градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Сарај, Беким Мурати, претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева и директорот на ЈП „Улици и патишта“, Синиша Ивановски.
– Улицата број 5 е една од најстарите улици во општината Сарај. Коловозот на оваа улица е многу оштетен и на места раскопан по поставувањето на фекалната канализација. Сега, со овој зафат на Град Скопје, улицата број 5 во Сарај ќе биде реконструирана на должина од 600 метри и на вкупна површина од 3.000 квадратни метри. Во текот на градежните работи стариот и оштетен асфалтен слој на оваа улица ќе се отстрани, ќе се нанесе тампонски слој и нов асфалтен слој. На терен ќе работат екипите на ЈП „Улици и патишта“, а градежните работи се очекува да завршат за еден месец. За овој зафат Градот Скопје ќе одвои околу 3 милиони денари. Сакам да нагласам дека обновата на улицата 5 е резултат на меѓуопштинската соработка меѓу Град Скопје и Општина Сарај и ќе придонесе да се подобрат условите за жителите во овој дел од градот и да се зголеми безбедноста за сите учесници во сообраќајот – рече денеска градоначалникот Коце Трајановски.
Градоначалникот на Општина Сарај, Беким Мурати, нагласи дека овој проект е уште еден показател на добрата соработка меѓу Град Скопје и Општина Сарај.
– Улицата број 5 е една од најстарите улици во општината Сарај. Коловозот на оваа улица е многу оштетен и на места раскопан по поставувањ
Пронајдете не на следниве мрежи: