Градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, денеска /02.11.2016 година (среда)/ во Салата на Советот на Град Скопје ја отвори конференцијата „Денови на енергетска ефикасност на Град Скопје -2016“.- Свесни за се повисоките трошоци за енергија, важноста за сигурно снабдување со енeргија, како и за климатските промени предизвикани од ирационални користење на енергијата, Градот Скопје денеска со организирањето на „Денови на енергетска ефикасност – 2016“ (02 до 04.11.2016 година), ја потврдува намерата за реализација на проектите од областа на енергетската ефикасност. Тоа е во согласност со сопствените оперативни планови, кои ќе придонесат за намалување на потрошувачката на фосилни горива за затоплување, намалување на емисиите на стакленички гасови и промоција за користење обновливи извори на енергија. Овој настан е финансиски поддржан од Буџетот на Град Скопје со 290.000 денари, а го организира МАЦЕФ (Македонски центар за енергетска ефикасност на Македонија). Градот Скопје незапирливо и неуморно работи на: променети над 95% на уличните светилки кои се под ингеренција на Град Скопје со Натриумови светилки (енергетски ефикасни), економично регулирање на топлински станици (систем со второстепена регулкација), речиси во сите објекти кои се под надлежност на Град Скопје, гасификација на четири средни училишта и готови проекти за изведба на уште седум средни училишта, извршена е промена на ПВЦ прозорци во речиси во сите средни училишта кои се под ингеренции на Град Скопје, направена е целосна реконструкција на фасадата (изолација со стиропор со дебелина од 10 сантиметри), промена на старите прозорци со нови ПВЦ и промена на кровната конструкција на СУГС Јосип Броз Тито, СУГС Орце Николов, СУГС Панче Арсовски, СУГС Георги Димитров, како мерки за енергетска ефикасност на објектите – истакна градоначалникот Трајановски.
На отворањето на конференцијата градоначалникот Трајановски потенцираше дека Градот Скопје е еден од првите градови во Југоисточна Европа кој има централно регулирање на сообраќајот за чија реализација издвоивме околу 3 милиони денари и над 50% од раскрсниците во градот се регулирани од еден центар.
– Со донација на Владата на Р.Македонија, во сообраќај се веќе вклучени 100% нови автобуси во Јавното соообраќајно претпријатие со кои ќе се заштедат големи количини на гориво и ќе се зголеми квалитетот на воздухот во Градот, како и дека се работи на проект за реконструкција на семафорите и илуминација на фасадите во центарот на Градот со лед светилки; развивање на свеста кај граѓаните за користање на велосипедите како превозни средства со изградба на велосипедски патеки, проширување на старите сообраќајници во нови современи булевари, изградба на нови современи сообраќајници, проекти за нови сообраќајници со кружни токови на раскрсниците, се со цел на континуирано движење на возилата, а со тоа нивно економично трошење на горивото, реконструкција на фасади во центарот на Градот во нови енергетски ефикасни, а и набавивме електрично возило, електрични мотори и велосипеди за администрацијата на Градот. Водени од идејата за чиста и здрава животна средина и движење без штетни гасови, Градот Скопје ја почна постапката за набавка на електрични автобуси што ќе сообраќаат на градските улици, односно на линијата која беше предвидена за трамвајот. Ве уверувам дека Градот Скопје и натаму ќе ја продолжи борбата против глобалното затоплување и ќе даде силна поддршка на иницијативите поттикнати за пронаоѓање на обновливи извори на енергија и нивниот начин на примена во секојдневниот живот, а секој граѓанин треба да даде сопствен придонес во подобрувањето на животната средина, рече градоначалникот Трајановски.
Пред да почнат панел дискусиите на конференцијата, Македонскиот центар за енергетска ефикасност на Македонија на директорот на СУГС „Михајло Пупин“, Ефтим Пејовски и на учениците коиште учествувале во меѓународен проект за енергетска ефикасност им додели сертификати.
На конференцијата во три програмски панела ќе се презентираат достигнувањата на Градот Скопје во сферата на енергетската ефикасност, достигнувањата на општините во градот Скопје, како и енергетско ефикасните технологии.
Во рамките на Деновите на енергетска ефикасност утре, 03.11.2016 година, четврток, во хотел „Карпош“ ќе се одржи Обука за ефикасна потрошувачка на енергија за раководните лица од објектите под ингеренција на Град Скопје, а на 04.11.2016 година, петок, на плоштадот Македонија ќе се организира Отворен ден за граѓаните на Скопје, каде што ќе биде лоциран инфо-пулт со информативни материјали со акцент на енергетска ефикасност на Град Скопје.- Свесни за се повисоките трошоци за енергија, важноста за сигурно снабдување со енeргија, како и за климатските промени предизвикани од