Екипите на Градот Скопје и на ЈП „Улици и патишта“ денеска /21.06.2016 година/ го почнаа проектот за дооформување на улицата Борис Сарафов во општината Ѓорче Петров, односно за отстранување на тесното сообраќајно грло на оваа сообраќајница. Почетокот на градежните работи го означија градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски, градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски и претседателот на Советот на Град Скопје, Ирена Мишева.Денеска реализираме уште едно ветување дадено пред граѓаните, за решавање на овој децениски проблем со одвивањето на сообраќајот на улицата Борис Сарафов. По долги преговори постигнавме договор со сопствениците на два објекта што сега лежат на трасата на оваа улица, а треба да се урнат за да се дооформи сообраќајницата, и тие се обештетени и за објектите и за земјиштето. По уривањето на двата посочени објекти коловозот на улицата Борис Сарафов ќе се прошири на должина од 50 метри, колку што сега е долго стеснувањето. Со проширувањето, улицата Борис Сарафов и на оваа делница ќе добие 4 сообраќајни ленти, нови тротоари покриени со асфалт и ќе го дооформи својот лик. За овој градежен зафат Градот Скопје ќе одвои околу 2,5 милиони денари. За експропријација на двата објекта што ќе се уриваат и за земјиштето Градот Скопје и Општина Ѓорче Петров заеднички вложија дополнителни околу 3,4 милиони денари – рече денеска градоначалникот Коце Трајановски.
Трајановски нагласи дека со дооформувањето на улицата Борис Сарафов ќе се зголеми безбедноста во сообраќајот проточноста на возила и ќе се растовари сообраќајот што сега се одвива по улицата Ѓорче Петров.
Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Сокол Митровски, нагласи дека овој проект е уште еден во низата успешни проекти што се резултат на одличната соработка со Град Скопје.
– По 30 години улицата Борис Сарафов конечно ќе го добие својот конечен изглед, а просторот ќе се уреди. Овој сообраќаен проект е заокружување на добрите сообраќајни решенија и врски со кружниот тек кај црквата „Свети Петар и Павле“ и кружниот тек на улицата Ѓорче Петров – нагласи градоначалникот Митровски.Денеска реализираме уште едно ветување дадено пред граѓаните, за решавање на овој децениски проблем со одвивањето на сообраќајот на улица