Во организација на Град Скопје, Музејот на град Скопје и хотелот „Солун“ денеска /22.08.2016 година/ почнува со работа 11.Меѓународна ликовна колонија „Скопје 2016“ и ќе трае до 1 септември.Учесниците во Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2016“ ќе престојуваат во хотелот „Солун“, лоциран во централното јадро на Скопје, а ќе творат во просториите на Музејот на град Скопје. Со оглед на тоа што централното градско јадро е пешачка зона намерата на организаторите е на учесниците на колонијата да им се предочи богатата разноликост од архитектура, културна историја и традиција. Во близината се наоѓа и Старата скопска чаршија која е интересна по својата архитектура и старите занаети и претставува една од најголемите ориентални чаршии на Балканот.
Оваа година на своите ликовни дела потпис ќе стават десет академски ликовни уметници, припадници на различни генерации и творечки определби, кои живеат и создаваат во различни средини – Марина Лешкова, Олгица Антовска, Дороти Пачкова, Беган Деари, Александар Поповски и Глигор Васков од Македонија, како и Ноел Андре Периер од Франција, Александра Мириќ од Србија, Предраг Пеѓа Ракиќевиќ од Србија и Петја Денева од Бугарија.
Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2016“ традиционално се одржува под покровителство на градоначалникот на Град Скопје, Коце Трајановски. Учесниците во Меѓународната ликовна колонија „Скопје 2016“ ќе престојуваат во хотелот „Солун“, лоциран во централ